Зошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?

Зошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?

Понекогаш се обидуваме да му покажеме на светот дека немаме никакви маани и недостатоци за да бидеме прифатени и ценети, но факт е дека никому никогаш нема да можеме целосно да му угодиме. Нашата убавина лежи во нашата ранливост, нашите комплексни емоции и нашата автентична несовршеност. Кога ќе се прифатите себеси онакви какви што сте, наместо тоа што другите сакаат да бидете, тогаш ќе се соочите со вистинската среќа и реалниот успех. Нема потреба да носите маска и да се претставувате како некој што не сте. Никому не треба да се докажувате, а во продолжение прочитајте и зошто е тоа така.

Зошто треба да ги тргнеме маските и да го покажеме вистинското лице?

1. Луѓето кои вреди да ги импресионирате сакаат да бидете само свои

На долгорочен план, подобро е да не ве сакаат за тоа што сте отколку да ве обожаваат за тоа што не сте. Игнорирајте ги споредувањата и очекувањата кои ви тропаат на вратата. Единствената личност од која треба да се обидете да бидете подобри е личноста која бевте вчера. Немојте да се менувате за да им се допаднете на другите, бидете трпеливи, бидете онаа фантастична личност која што сте и вистинските луѓе ќе почнат да го ценат вистинското вие.

2. Никој друг не знае што е најдобро за вас

Немојте да се изгубите во потрагата за прифаќање од страна на другите луѓе. Одете по својот пат самоуверено и немојте да очекувате вашето патување да биде разбрано. Вие треба да ги правите чекорите кои ви одговараат само вам, бидејќи никој друг не е на ваше место.

3. Вие сте единствената личност која може да го промени вашиот живот

Во секоја ситуација во која сте се нашле, позитивна или негативна, единствената заедничка работа сте вие. Вашата одговорност е да сфатите дека сте способни да направите избор за да ја промените ситуацијата или да го промените начинот на кој размислувате за неа, без оглед на сѐ што се случувало досега во вашиот живот. Не дозволувајте мислењата на другите да влијаат на таа реалност.

4. Животот не е трка, не морате никому ништо да докажувате

Досега сигурно сте сретнале многу луѓе кои сакале да стигнат до врвот на планината и да извикаат дека се први, но вистината е тоа што среќата и развојот се случуваат на самото качување, а не додека седите на врвот. Уживајте во патувањето, обрнувајќи внимание на секој чекор. Немојте да брзате низ својот живот, бидејќи тој само ќе помине покрај вас. Елиминирајте ја потребата да им се докажувате на другите и ќе бидете слободни да го остварите тоа што е за вас најважно. Понекогаш е потребно да се потсетите дека не морате да бидете она што другите се и да го правите она што другите го прават.

5. Невозможно е да им угодите на сите

Некои луѓе секогаш ќе ви кажат каде сте погрешиле, но ќе размислат два пати пред да ве пофалат за тоа што одлично сте го сработиле. Немојте да бидете ваква личност. Кога ќе наидете на некој кој не ве почитува и се однесува лошо со вас без никаква очигледна причина, немојте да се обидувате да ги промените таквите луѓе или да ги освоите нивните симпатии. Едноставно оддалечете се од нив бидејќи секоја секунда помината со ваквите личности е губење време. Време кое можете да го трошите на активности кои ги сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар