Зошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?

Зошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?

Постои општо верување дека никој не може да успее во животот доколку не дипломира. Токму затоа и многумина се запишуваат против нивната желба на факултет за кој и не се заинтересирани многу. Главната мотивација им е самата диплома и идејата што таа би можела некогаш во иднина да им донесе. И да, понекогаш тоа навистина и случува. Вие ќе го завршите факултетот и со помош на вашата диплома ќе ја најдете работата од соништата. Но, најчесто реалноста е многу спротивна.

Зошто треба да ги следите соништата наместо дипломата?

Според едно неодамнешно истражување, голем број студенти се запишуваат на факултет со план Б. Со други зборови, имаат 2 различни идеи на каде би сакале животот професионално да им се движи. На пример, да замислиме дека сакате да бидете професионални танчари, бидејќи цел живот сте танцувале и навистина сте добри во тоа – но, под притисок на најблиските, сте запишале правен факултет за да можете да имате подобро платена работа. Во овој случај, план А е дипломата, а план Б е вашата кариера како танчари.

Резултатите од истражувањето покажале дека имањето план Б го прави планот А малку потежок за остварување. Кога имате „безбедносна мрежа“, паѓањето веќе не ви се чини толку страшно. Токму затоа и нема да се трудите толку многу за да ја остварите вашата основна цел. Баш напротив, и особено ако не ви се допаѓал изборот на факултетот, вие повеќе ќе се стремите кон резервниот план, несвесно саботирајќи го основниот. Вие би биле просечен правник, некој кој го ја работи својата работа само колку да добие плата и нема воопшто да се борите за напредок. Па, тогаш зошто за џабе да го губите времето за нешто што со сигурност води кон неуспех? Замислете само колку би постигнале како танчари доколку тие 4 или 5 години поминати во студирање или дупло повеќе во рамките на таа кариера, сте ги посветиле на усовршување на вашата техника. Можеби би успеале и да се здобиете со светска слава.

Не велиме дека треба веднаш да се откажете од факултетот или од работата и да се предадете целосно на вашата страст. Особено ако веќе имате изградено стабилна кариера, дури и ако не сте задоволни од своето работно секојдневие. Но, сепак размислете – што би работеле, доколку со сигурност знаете дека би успеале?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар