Зошто толку многу цртани ликови се во жолта боја?
Размислете на што ве асоцира жолтата боја. Можеби веднаш помисливте на сонцето, на есенските лисја или на нешто поапстрактно, како што е чувството на радост или оптимизам. Ако продолжите да размислувате, сигурно ќе ви текне на некои ликови од цртаните филмови затоа што ги има многу, како што се Пикачу, Сунѓерот Боб, Симпсонови и уште многу други. Во продолжение прочитајте зошто карикатуристите ја сакаат оваа боја.
1. Сè е поврзано со контрастот
Бидејќи е една од основните бои (заедно со сината и црвената), жолтата е многу различна. Всушност, овие 3 бои се екстремни примери на контрастни нијанси и колку е подалечна бојата од примарните бои, толку е помалку интензивна. Сепак, примарните бои што се користат на екранот се црвена, зелена и сина.
Во оваа шема на бои, жолтата и сината боја се наоѓаат на спротивните страни на спектарот и најмногу се истакнуваат една со друга. Бидејќи сината е распространета боја во многу позадини (море, небо итн.), жолтата боја се употребува за забележливи, светли карактери.
2. Психологија
Традиционално, жолтата боја се поврзува со среќа и радост. Ова е докажано со едно истражување, според кое мнозинството учесници (72%) ја спомнале жолтата боја како позитивна, а само 0,5% од испитаниците ја сметале за негативна. Оваа карактеристика на жолтата боја ја прави одличен избор за весели карактери во цртаните филмови.
3. Не можете да не ја забележите
Како што веќе споменавме, основните бои се многу различни. Но, сепак, жолтата боја се смета за најзабележителна бидејќи е највидлива боја при слаба осветленост и втора највидлива во текот на денот. Неа ја разликуваат дури луѓето со некои форми на слепило на бои.
4. Таа е посебна за децата
Жолтата боја често се користи во рекламите за деца бидејќи и тие ја поврзуваат со позитивни емоции. Во маркетингот, жолтата боја обично се користи за пакување „забавни“ производи.
Во едно истражување, децата требало да изберат помеѓу жолти и кафеави боички откако слушале среќна или тажна приказна. Мнозинството од тие што слушале среќна приказна избрале жолта боичка, а повеќето деца од другата група избрале кафеава, докажувајќи дека поврзаноста на боите со расположението е важна.
5. Привлекува внимание
Бојата што често ја има кај цртани ликови нема секогаш позитивно значење. Тоа е многу забележителна и е добар избор за различни видови сигнали што треба да се видат од далечина и да го привлечат вашето внимание. Ова е причината зошто жолтата се користи кај семафорите, знаците на патот и на многу други места.
Исто така, ова е една од боите што природата ги користи за да испрати предупредувачки сигнал: жолтата боја може да се забележи на инсекти што прават убод (пчели, оси), отровни змии и други опасни животни. Сепак, оваа боја има задача да ве натера да обрнете внимание и затоа се користи во многу сфери, вклучувајќи ги и цртаните филмови.
Ако не ја сакате жолтата боја, прочитајте што може да открие тоа за вашето здравје.