Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

Повеќето од нас обожаваат да гледаат ТВ серии. Без разлика дали следиме некоја нова или гледаме 5 сезони наеднаш, секогаш уживаме во оваа активност. Но зошто е толку лесно да се вљубиме во некоја серија? Продолжете со читање и набрзо сѐ ќе ви стане јасно…

Бегање

(1)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mk

Се обидуваме да избегаме и да се скриеме од реалноста. Причините може да бидат различни. Понекогаш не сакаме да размислуваме за проблемите во нашиот живот, а понекогаш едноставно бараме да додадеме малку боја во него.

Барање решение

(2)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mk

Гледањето серии е безбеден начин да пронајдеме одговори на некои прашања. Ги гледаме „другите“ луѓе како живеат и се соочуваат со ситуации слични на нашите. Ова ни дозволува да ги разгледуваме проблемите од друга перспектива и да најдеме можно решение.

Одмор

(3)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mk

Додека гледаме серии се одмараме. Секако сериите можат да предизвикаат најразлични емоции, но „живеејќи“ го животот на ликовите, ние се одмараме од нашето секојдневие.

Комуникација

(4)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mk

Од една страна си имаме работа со измислени личности, што нѐ тера да бегаме од вистинските, додека пак, од друга страна почнуваме подобро да ги разбираме реалните врски. На овој начин ТВ сериите ни помагаат во комуницирањето со другите.

Ако сте расположени за нова ТВ серија, погледнете ги нашите предлози тука!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар