Зошто сè уште немаме пронајдено лек за рак?

Зошто сè уште немаме пронајдено лек за рак?

Еден од двајца луѓе ќе добие рак во некој период од неговиот живот. Колку и да е застрашувачки овој факт, сепак го поттикнува очигледното прашање: Со целото време и пари потрошени за оваа болест, зошто сè уште не постои лек?

Зошто сè уште немаме пронајдено лек за рак?

Главниот проблем во овој случај е што повеќето луѓе не разбираат што всушност претставува ракот. Зборот рак не се однесува на една единствена болест, туку е термин којшто се користи за стотици болести. Поради ова, наоѓањето „лек за рак“ е корисно само кога се разговара генерално за болеста.

Покрај тоа, разните видови рак имаат разна патологија, а со тоа и разни симптоми. Дури и во „семејствата“ на ракот може да има многу варијации на болеста. Ова значи дека е речиси невозможно да се бара еден лек за ракот, па поради ова истражувачите ги класифицираат разните видови рак и се фокусираат на секој одделно. Но ова не значи дека немаме најдено лек за некои видови рак. На пример, лекарите навистина добро го третираат ракот на тестисите. По една деценија, стапката на преживување скокна на 98%.

Лекувањето на ракот е тешко бидејќи болеста потекнува од клетките на нашето тело – мутацијата во нашата ДНК предизвикува неконтролиран раст на нашите клетки. Постојат многу природни системи кои го спречуваат ова, а мутацијата која успева да ги избегне овие системи е навистина ретка. Но, бидејќи нашите клетки се размножуваат милијарди пати, големи се шансите нешто да се испушти.

Бидејќи потекнува од нашето тело, не само што му е тешко на нашиот имунолошки систем да го забележи, туку и лекарите не можат да ги третираат клетките на рак без да ги оштетат здравите во процесот. Едно од најглавните нешта коешто се истражува кај оваа болест е обидот да се идентификува одредено нешто што е присутно само кај клетките на рак. Потоа истражувачите се обидуваат да направат или лек кој ќе ги нападне, или да ги обележат на тој начин што имунолошкиот систем ќе се справи со нив.

Но за жал, работите не се толку едноставни. Разни луѓе реагираат различно на истите третмани. Она што функционира за една личност, не мора да значи дека ќе ѝ помогне на друга со истата болест. Поради ова луѓето кои се дијагностицирани со рак се третирани со разни лекови или комбинации со цел да се открие што е најефективно за нив. Ова создава нов аспект во борбата против ракот. Односно, некои тимови работат на создавање генетски профил на пациентите со цел да се направи личен третман против ракот.

Па, иако можеби сè уште немаме единствен лек против ракот, сепак постојат начини за справување со оваа болест. Некои видови се полесни за третирање од други, но со уште малку време и истражување, сигурно ќе го пронајдеме лекот.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе, прочитајте ги и овие факти за ракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар