Зошто сè повеќе жени си го задржуваат моминското презиме?

Зошто сè повеќе жени си го задржуваат моминското презиме?

Истражувачи од Универзитетот Невада направиле истражување кое го нарекле „Сексуални улоги“. Истражувањето е за тоа како околината ги гледа мажите чии сопруги го задржале своето моминско презиме.

(1)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

Некогаш се верувало дека жените мора да го земат презимето на сопругот по венчавката, а денес сè поголем број жени го зачувуваат своето. Според новите истражувања ова има влијание на тоа како другите ги доживуваат нивните сопрузи.

Авторите го спровеле истражувањето преку анкета зададена на студенти од Велика Британија и Америка. Нивна задача била да предвидат сценарио во кое хетеросексуалната жена се одлучува да го задржи своето презиме по венчавката. Потоа одговарале на прашања за мажот. Резултатите покажале дека овие мажи биле сметани за неспособни поради одлуката на нивните сопруги.

(2)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

„Ако жената го одбере презимето на мажот, тоа покажува дистрибуција на моќ во нивниот однос“, изјавила Рејчел Робнет, една од авторите на студијата.

(3)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

Истражувањето исто така покажало дека жените кои ја донесуваат оваа одлука се различно сфатени. Често се опишувани како амбициозни, уверливи и посилни, додека овие особини претходно им се припишувале на мажите. Робнет смета дека луѓето кои се занимаваат со такви претпоставки не отстапуваат од традиционалната улога на „непријателски сексисти“.

(4)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

„Знаеме и од претходни истражувања дека луѓето кои имаат изразен непријателски сексизам реагираат негативно на жените кои ги кршат традиционалните правила“, изјавила Рејчел

Погледнете и што треба да знаат невестите пред да го задржат моминското презиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар