Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Принцезата Дајана секогаш кога даваше изјави изгледаше прекрасно и беше позната по својата љубезност.

На пример, „Кралицата на срцата“ одбила да носи ракавици додека била вон службена должност за луѓето да ја чувствуваат поблиска и да им ја изрази својата љубов.

Некогаш, таа била фотографирана како носи 2 рачни часовника и тоа не било случајно. Дајана сакала на тој начин да ги изрази своите чувства кон луѓето што ги сака и овој гест бил наменет за некој посебен.

Светот ја дозна скриената порака зад овој избор на додатоци, а ние ја споделуваме сентименталната приказна со вас.

Моментот кога Дајана и принцот Чарлс штотуку се венчале

Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Оваа слика на принцезата Дајана е направена во 1981 година, откако таа и принцот Чарлс се венчале. Камерата ја фатила како го гледа својот свршеник додека играл поло, во клубот „Гардс“ во Виндзор. Сè изгледало прилично обично, освен еден мал и прилично екстравагантен детал: Дајана носела 2 рачни часовника.

Тоа било знак дека таа се грижи

Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Како што се испостави, златниот метален часовник со тенка лента ја претставувал Дајана, а потемниот му припаѓал на Чарлс. Дајана споделила дека го носела часовникот на Чарлс во знак на почит кон него и за да му донесе среќа.

Овој гест бил дел и од една стара англиска традиција од средниот век

Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Во средниот век, постоела традиција да се врзува женско марамче на задниот дел од витешкиот шлем пред битка. Шамичето се сметало за симбол на среќа и на тој начин му се искажувала поддршка на лицето што влегувало во натпревар или битка.

За жал, бракот на Дајана и Чарлс не траел долго, но овој сладок гест илустрира дека тие дефинитивно имале моменти исполнети со љубов и нежност во нивната врска, барем на почетокот.

Ова не бил единствениот момент кога Дајана ја покажала својата љубов преку сентиментален гест

Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

Дајана одбила да ја носи тијарата што ѝ ја позајмила Кралицата на денот на нејзината свадба. Наместо тоа, таа го одбрала она што било во нејзиното семејство долги години. Со овој гест, Дајана покажала решеност да остане верна на традициите во нејзиното семејство, затоа што многу жени, вклучително и нејзината сестра, се венчале носејќи ја токму таа тијара.

Можеби сакате да прочитете и за бунтовната сестра на Кралицата која ја нарекувале рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар