Зошто прекумерното фотографирање може да им наштети на вашите деца?
Родителите имаат социјални мрежи и камери на нивните телефони, па затоа можат да ги овековечат сите мали моменти од растењето на нивните деца и да ги споделат со светот, наместо да ги зачуваат само како нивни спомени. Ваквиот начин на однесување е толку распространет, па едно истражување покажало дека дури 81% од децата под 2 години се присутни на Интернет преку нивни фотографии. Иако фотографирањето на деца не претставува проблем, споделувањето премногу фотографии може да биде штетно за нив.
Ви наведуваме дел од причините зошто споделувањето премногу фотографии од вашите деца може да им наштети:
1. Децата може да мислат дека се центар на универзумот
Доколку родителите постојано го фотографираат своето дете, без да го вклучат семејството или пријателите во фотографиите, детето може да развие преголема самодоверба. Бидејќи камерата е постојано свртена кон него, тоа може да помисли дека сите очи треба да се свртени кон него, во секое време. Тоа веројатно ќе почне и самото да го зема телефонот и да се фотографира. Една студија открила дека прекумерното објавување на фотографии и „селфи“ фотографии може да придонесе за зголемување на нарцисоидноста.
2. Децата може да станат премногу самокритични
Децата може да почнат да помислуваат за тоа дека нешто им недостасува, доколку нивните слики не им се допаднат на многумина. Може да бараат брендирана облека, да бидат опседнати со филтрите на камерата или да прашуваат дали се доволно убави. Ова може да биде уште полошо доколку имаат пријатели чии слики се поактуелни од нивните. Споредувањето со другите не би било здраво за самодовербата на децата, а една студија открила дека девојките кои поминуваат многу време гледајќи фотографии на социјалните мрежи, се понезадоволни од нивниот изглед.
3. Децата може да имаат проблеми со создавање на сеќавања од детството
Родителите кои премногу ги фотографираат своите деца забораваат да им помогнат на своите малечки да создаваат спомени и да научат како да зборуваат за своите искуства. Овие родители посветуваат помалку внимание на она што се случува во моментот. Една студија покажала дека нивните сеќавања може да бидат нарушени ако се доживуваат себеси само зад објективот, наместо да споделуваат моменти со своите деца.
4. Децата може да бидат понижени
Кога децата ќе пораснат, можеби нема да сакаат да среќаваат многу од нивните фотографии од детството на Интернет. Кога тие ќе се изградат себеси, нивниот углед може да биде загрозен доколку нивните родители објавиле засрамувачки фотографии. Исто така, се јавува проблем и кога децата се срамат бидејќи родителите објавуваат фотографии или видеа од начинот на кој ги дисциплинираат своите деца. Уште поголем проблем настанува кога тие фотографии стануваат „вирални“.
5. Некои моменти повеќе нема да им бидат приватни
Додека родителите имаат право да контролираат како ги воспитуваат своите деца, децата имаат право на своја приватност. Родителите често споделуваат фотографии од своите деца без нивна согласност кога децата се премногу млади. Според една студија, споделувањето фотографии е обврска кон другиот и е важен дел од идентитетот на родителите. Затоа, родителите често се во дилема дали да ја заштитат приватноста на своите деца или да ги споделат нивните приказни кои може да претставуваат проблем за нивните деца, кога тие ќе пораснат.
6. На рана возраст може да се соочат со дискриминација
„Сајбербулингот“ или малтретирањето на врсниците преку Интернет, е многу распостранет феномен бидејќи луѓето може да се скријат зад својата анонимност. Споделувањето слики на деца може да стане предмет на дискриминација врз основа на нивниот изглед, од некој кој е од другата страна на светот.
7. Тие се изложени на поголем ризик од кражба на идентитетот
Кога споделуваат фотографии на Интернет, родителите не знаат дека оддаваат и чувствителни информации за своите деца, како што се нивниот датум на раѓање, пол, а понекогаш и нивното име. Крадците на идентитет се насочуваат кон малите деца, затоа што тие немаат кредитна историја. Подоцна во животот, тие би можеле да имаат проблем да добијат кредит, па дури и работа.
8. Децата може да почнат да се грижат за тоа што другите мислат за нив
Децата почнуваат да се грижат за тоа што луѓето мислат за нив уште на 24 месечна возраст, според една студија од 2018 година. Нивната изложеност пред камерата и на социјалните мрежи може да има позитивен, но и негативен ефект врз нивното однесување. Доколку родителите коментираат на социјалните мрежи за нивниот изглед или за облеката која ја носат, тоа би можело да влијае на нивното однесување. Коментарите на другите луѓе на социјалните мрежи, исто така, може да го обликува нивното размислување и став.
Можеби сакате да прочитате и дека научниците откриваат како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?