Зошто платнените торби не се добра замена за пластичните кеси?
Ако се обидувате да живеете еколошки и да ги спречите глобалните катастрофи како уништувањето на океаните или климатските промени, формулата е едноставна – користете ги работите повеќепати и поретко купувајте нови.
Пластичните кеси не се разградуваат и ги загадуваат океаните, животот во морињата и околината воопшто. Но, за изработка на органските памучни торби се троши повеќе вода, енергија и други ресурси, па затоа тие не се добра замена.
Најмногу се зборува за пластичните кеси. Но, дали тие навистина се полоши од хартиените? Што е со торбите? Стручните лица велат дека нема едноставен одговор.
Јасно е дека пластичните кеси не се разградуваат и ги загадуваат океаните, но познавачите на областа велат дека ниту памучните торби не се добра опција. Тие тврдат дека пластичните полиетиленски кеси со мала густина се поприфатливо решение од нив. Можете да ги препознаете по тоа што се попроѕирни од класичните.
Данските еколози тврдат дека со нивното спалување се прави помала штета отколку со платнените торби, кој би требало да се употребат 1.000 пати за да бидат еколошки оправдани. Освен тоа, тие сметаат дека органскиот памук е поштетен од обичниот кога е во прашање општото влијание врз околината. Неговото производство повеќе ја загадува околината отколку производството на обичниот памук – се троши многу вода и енергија, иако се употребуваат помалку ѓубрива и пестициди.
Би требало да се употребуваат околу 20 илјади пати повеќе од обичните памучни торби за да бидат покорисни од нив. Освен тоа, памукот не може успешно да се рециклира затоа што за тоа постои малку инфраструктура.
Изработката на хартиените кеси исто така има лошо влијание врз околината. Тие се полош избор од полиетиленските кеси затоа што заради нивното производство се уништуваат шумите. Најдоброто решение според данските еколози е да употребите таква кеса каква што имате дома – немојте да ги фрлате. Употребувајте ги додека не се распаднат и не купувајте нови.
Можеби ќе сакате да прочитате и за отпушоците од цигари што се исто толку штетни за океаните колку и пластичните кеси.