Зошто патувањето е добро за вашето здравје?
Иако понекогаш патувањата и одморите ни изгледаат како луксуз, според науката патувањето е навистина добро за вашето здравје. Па, можеби треба да направите место и за него. Можеби патувањето нема да го излечи вашиот грип, но менувањето на околината може да ви овозможи многу повеќе од забава и добри фотографии за на Инстаграм. Погледнете зошто треба да отидете на патувањето што долго го планирате и уште подолго го одложувате.
1. Го намалува стресот
Понекогаш потребно е да се оттргнете од целиот стрес и да отидете некаде. Едно истражување направено од Американското здружение на психолози се фокусирало на стресот и покажало дека патувањето помага при справувањето со него. Тоа ги отстранува изворите на анксиозност и тешки емоции.
2. Го одржува здравјето на срцето
Патувањето е добро за вашето срце, и тоа на физичко и емоционално ниво. Едно долгогодишно истражување многу добро го покажало ова. Во истражувањето учествувале жени на возраст од 45 до 46 години кои ги прашувале колку често оделе на одмор. 20 години подоцна научниците откриле дека жените кои оделе на одмор барем еднаш во 6 години имале многу помал ризик од проблеми со срцето.
3. Jа подобрува креативноста
Други истражувања покажале дека постои врска помеѓу патувањето и активирањето на креативноста. Најверојатно причината е тоа што додека патувате гледате нови нешта и нови култури. Покрај тоа, промената на средината му овозможува на мозокот да создаде нови врски.
4. Ве прави подобра личност
Патувањето ве прави посочувствителни, ви го отвора умот и ви дава пошироко разбирање за светот. Едно истражување покажало дека 76% од испитаниците изјавиле дека патувањето ги направило потолерантни, како и повеќе им верувале и повеќе ги прифаќале другите луѓе.
5. Прави да се поврзете со другите
Доктор Томас Гилович ја истражувал врската помеѓу парите и среќата повеќе од 20 години. Тој изјавил дека неговото истражување покажало дека луѓето кои трошеле пари на искуства биле посреќни од оние кои трошеле пари на материјални нешта. Покрај тоа, покажал дека патувањето помагало да се чувствуваме поповрзани со другите луѓе.
„Ги консумираме искуствата директно со другите луѓе. А кога ќе ги нема, тие се дел од приказните што си ги кажуваме едни на други“, изјавил Томас.
Погледнете ги овие совети за поевтино патување низ светот.