Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Многу често луѓето не ги соблекуваат чевлите веднаш откако ќе си дојдат дома. Најчесто причината за ова е тоа што речиси сите сметаме дека тоа не е нешто страшно. Но според едно истражување направено од професор од Универзитетот во Аризона, ова може да има некои опасни последици.

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Истражувањето покажало дека 96% од чевлите доаѓаат во контакт со фекални материи. А овие материи и бактериите сигурно ќе се разнесат низ целиот ваш дом. Најчесто кога размислуваат за тоа дали да ги соблечат чевлите, луѓето гледаат дали има видливи дамки на нив, како кал. За жал, постојат многу невидливи причини поради кои најдобро е чевлите да ги оставите покрај влезната врата.

1. Бактерии

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Размислете на сите работи кои ги згазнувате во текот на денот – измет од птици, вода во јавни тоалети… Сите тие се извори на многу бактерии, вклучувајќи и ешерихија коли. Ако ги носите чевлите во домот, сите бактерии се разнесуваат низ него. Според истражувањето, повеќето луѓе имаат околу 421.000 бактерии на нивните чевли.

2. Хемикалии и токсини

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Кога сте надвор често згазнувате и на работи како хемикалии, средства против инсекти, отров за штетници, бензин, антифриз и многу други токсини. Сите тие може да останат на вашите чевли и да ги внесете во домот.

3. Микроскопски животни

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Кога вашите чевли се во контакт со почва и растенија, на нив може да се „закачат“ многу мали бубачки и организми. Па кога ќе прошетате дома со чевлите, ќе ги разнесете насекаде.

4. Кал и земја

Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

Овде е и очигледната причина – кал и земја. Ако ги оставите чевлите каде што им е местото, ќе внесете помалку земја во домот, па ќе ви биде полесно за чистење. Можеби е лесно да ја отстраните калта од тврдите површини, но тоа е значително потешко кога таа ќе се најде на тепихот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар