Зошто никогаш не треба да ја полните батеријата на вашиот телефон на јавни места?
Сигурно и вие сте се нашле во ситуација кога сте излезени и потоа забележувате дека батеријата на вашиот телефон паднала на 3%, па седнувате некаде да се напиете кафе, го ставате телефонот на полнач и веќе сѐ ви изгледа во ред. Но, вистината е дека сепак не треба да се чувствувате толку опуштено.
Иако ќе бидете во можност и понатаму во текот на денот да го користите вашиот телефон, ако местото од каде што добивате енергија било пробиено, вие можете сериозно да го загрозите телефонот и податоците кои се наоѓаат во него. На истиот начин, доколку го приклучите вашиот телефон за компјутер со УСБ кабел, вие им овозможувате лесен пристап на хакерите до вашите пораки, фотографии, контакти и слично. Така, бидејќи не постои единствен начин да откриете дали јавните места за полнење се заразени или не, најлесниот начин да се заштитите е да ја избегнувате оваа навика.
Еве уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот телефон
- Обидувајте се секогаш да излегувате со речиси полна батерија на вашиот мобилен телефон.
- Размислете за купување преносна батерија и бидете сигурни дека секогаш ја носите со себе.
- Купете си УСБ кабел кој не пренесува податоци, како што тоа го прават повеќето.
- Во краен случај, доколку сепак треба да се одлучите за јавно полнење на телефонот, тогаш бидете сигурни дека вашиот телефон е заклучен со лозинка.