Зошто ни поминуваат морници кога слушаме прекрасна музика?

Зошто ни поминуваат морници кога слушаме прекрасна музика?

Независно каква музика сакате, сигурно ви се случило да почувствувате како ви лазат морници кога ќе слушнете некој пејач или пејачка со прекрасен глас. Но, сте се запрашале ли некогаш зошто се случува тоа? Според науката, ова искуство е зголемено чувство на возбуда и се објаснува како еволуциски остаток од нашите рани предци кои се топлеле со топлиот воздух кој се задржувал во првиот слој на нивната многу повлакнеста, скоро крзнена кожа.

Зошто ни поминуваат морници кога слушаме прекрасна музика?

Чувството на морници се должи на брзата промена на температурата – од покачена на намалена, што ги кревало влакната, целосно вклучувајќи го одново слојот со топлина. За среќа, денес носиме облека за да ни биде топло, но физиолошката реакција е сѐ уште присутна – имено, програмирани сме да создаваме „морници“ како реакција на разни дразби, со таа разлика што денес тоа е убавината во уметноста или природата, отколку температурната промена.

Истражувањата од Државниот Универзитет во Јута, С.А.Д., исто така анализирале зошто некои луѓе доживуваат вакво чувство почесто од другите и се заклучило дека „отвореноста кон искуството“ било факторот што правело на некои луѓе почесто да им поминуваат морници. Ова и не е некое големо изненадување ако се земе предвид фактот дека луѓето кои ја имаат оваа „способност“ повеќе ја ценат естетиката и убавината во нештата и имаат необично активни имагинации, па длабоко се внесуваат во музиката која ја слушаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар