Зошто невестата го фрла букетот на венчавката?
Еден од задолжителните моменти на многу венчавки е оној кога невестата го фрла својот букет преку раменици, а се верува дека на девојката што ќе го фати, ќе ѝ донесе среќа во љубовта и таа ќе се венча следна. Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато кога се верувало дека невестата донесува среќа, што всушност важи и денес, но не во толкави размери.
Всушност, пред стотина години се сметало за среќа да се допре невестата, а уште поголема среќа ако гостите успеат да скинат парче од венчаницата или велот. За да избегнат да ги допираат и да им ја кинат венчаницата и велот, невестите започнале да ги фрлаат своите букети за да го одвлечат вниманието од себе и да ги поттикнат гостите да го фаќаат цвеќето наместо неа.
За среќа на невестите, гостите со воодушевување го прифатиле фаќањето на букетот за кој, исто така, се верувало дека носи среќа во љубовта, односно се очекувало дека личноста која ќе го фати букетот е идната за брак. Благодарение на овој лукав трик, обичајот за допирање на невестата и нејзината венчаница изумрел, а гостите сфатиле дека можат мирно да чекаат кога таа ќе го фрла букетот, а тоа набрзо станало неизоставен дел од венчавката.
Прочитајте и зошто невестата стои од левата страна на младоженецот. Причината не е воопшто романтична!