Зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?

Зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?

Пандемијата на коронавирусот нè принуди да го промениме начинот на живот целосно и поради сето тоа многу повеќе гледаме назад во минатото. Новиот нормален и единствен начин на живот во овие времиња остави трага кај сите, а за многу луѓе враќањето во минатото стана начин за справување со сивата и чудна сегашност. Но, според најновото истражување, тенденцијата да се враќате во минатото повеќе ви наштетува отколку што ви користи.

Зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата?

Истражувањето спроведено од психолози и професори од Универзитетот во Сари открива дека носталгичното враќање во минатото може да им помогне на луѓето во одреден момент, но кога ќе се погледне поголемата слика, оваа навика може да ги натера луѓето да се чувствуваат тажни во моментите на загуба. Наместо да се споредуваат минатите убави моменти со неизвесната сегашност, истражувањето наведува дека за вашето ментално здравје е подобро да гледате кон иднината или да бидете благодарни за она што го имате во моментов.

Во истражувањето, спроведено за време на првиот карантин во Велика Британија, учествувале 260 жени кои имале задача да размислуваат за позитивна слика за иднината, за носталгичното минато или за благодарноста. Потоа, учесниците требало да ги оценат сопствените (позитивни или негативни) чувства, поврзаноста со другите, нивната самодоверба и смислата на животот. Резултатите биле значително попозитивни кај оние жени кои имале задача да размислуваат за иднината отколку кај жените кои размислувале за минатото.

Заклучокот од ова истражување е дека погледот кон иднината е секогаш подобра опција, дури и во оние моменти кога е понеизвесна од кога било. Замислувајќи се себеси и светот во подобро и поубаво светло во иднина, ќе ви помогне да се справите со сегашноста која не им се допаѓа на многумина. Никој не знае што ќе се случи понатаму, но оптимистичкиот поглед на иднината и активностите што ја прават таа иднина уште подобра се добри алатки за борба против сивата сегашност.

Прочитајте по колку време е безбедно да се видите со некој што имал коронавирус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар