Зошто не треба да оставате чаша вода до вашиот кревет кога одите на спиење?

Зошто не треба да оставате чаша вода до вашиот кревет кога одите на спиење?

Дали оставате чаша вода до вашиот кревет кога одите на спиење? Немојте да ја пиете кога ќе се разбудите! Ова е навика која ја имаат многу луѓе. Ако и вие сте едни од нив, сигурно имате забележано дека нејзиниот вкус е малку поразличен. За разлика од храната, водата не содржи шеќери и протеини кои стануваат мета на микробите.

zoshto-ne-treba-da-ostavate-chasha-voda-do-vashiot-kreveto-koga-odite-na-spienje-kafepauza.mk

Многу прашина и бактерии можат да се соберат во таа чаша со вода. Кога водата е изложена на воздухот кој апсорбира јаглероден диоксид, и мал дел од него е претворен во јаглеродна киселина, ова значи дека водата е изложена на хемиски промени. Кога јаглеродната киселина испушта 1 или 2 протона, таа станува бикарбонат, кој ја намалува pH вредноста на водата а со тоа го менува и нејзиниот вкус. Ова не ја прави водата опасна, но нејзиниот вкус е променет и после цел вечер во неа се имаат собрано прашина и секакви бактерии.

Водата е можеби најпотребното нешто за здравјето на нашето тело, и сите знаеме дека без вода животот на Земјата нема да постои. А и нема ништо подобро од чаша студена вода кога сте жедни или кога ви е жешко.

Речиси секој го знае златното правило, 8 чаши (од 250 милилитри) вода на ден. Но, многу луѓе не успеваат да го постигнат овој број. Без разлика дали сме премногу зафатени, или едноставно забораваме, тешко е да знаеме дали пиеме доволно вода.

Постои верување дека пиењето вода пред спиење може да го наруши сонот. Мислењето е дека пиењето вода пред спиење ќе ве тера да одите во тоалет во текот на ноќта. Додека ова е вистина за некои луѓе, пиењето вода пред спиење всушност може да ви го подобри квалитетот на сонот, бидејќи помага во спречувањето на грчевите на нозете во текот на ноќта. Ако страдате од овој вид грчеви сигурно знаете колку е тешко да спиете со нив. Причината за оваа појава е потребата за вода кај мускулите кои се грчат. Па, чаша вода ќе помогне во нивното опуштање, а покрај тоа му помага на телото да се ослободи од токсините.

Покрај пиењето вода пред спиење, постојат и други идеални периоди од денот кога треба да пиете вода за максимално да ги искористите придобивките.

1. Кога ќе се разбудите. Една или две чаши вода наутро им помага на внатрешните органи да се „разбудат“.

2. Пред секој оброк. Чаша вода 30 минути пред секој оброк ќе помогне во дигестијата на храната со тоа што го подготвува стомакот за оброкот кој следува. Исто така водата ќе ве засити, па ќе изедете помалку, а ова е одлично доколку се обидувате да изгубите некој килограм.

3. Пред и после вежбање. Со ова ќе го спречите дехидрирањето кое настанува поради потењето во текот на вежбањето.

4. Секогаш кога сте уморни. Ако се чувствувате уморно или мрзливо, напијте се чаша вода. Ова ќе го разбуди вашето тело и ќе го подобри вашето внимание.

Секако, можете да пиете вода кога сакате. Овие точки само ги нагласуваат периодите од денот кога водата му е најпотребна на телото.

Погледнете ги и овие интересни совети кои ќе ви помогнат да пиете повеќе вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар