Зошто не треба да ја поклонуваме својата облека, ниту пак да носиме туѓа?

Зошто не треба да ја поклонуваме својата облека, ниту пак да носиме туѓа?

Пабло Пикасо живеел 92 години, и целиот живот се придржувал кон еден принцип – својата облека и личните ситници, никогаш не ги подарувал на други луѓе. Кога облеката ќе ја износел, тој ја кинел на најситни парчиња за да не може некој друг да ја искористи. Пикасо имал страв дека доколку некој би ги носел неговите панталони или џемпер, би можел да стане скитник или алкохоличар.

Зошто не треба да ја поклонуваме својата облека, ниту пак да носиме туѓа?

Уметникот всушност верувал дека секоја работа носи своја енергија и извесна доза опасност. Научниците имаат објаснувано за негативното влијание на туѓите нешта со бактериите и вирусите кои се задржуваат на нив, и кои влегуваат во телото на новиот сопственик.

Скоро сите објаснувања се сметале за интригантни, сè додека науката конечно не дошла до вистинското откритие со помош на квантната физика.

Откритието е прилично едноставно и гласи вака: Доколку два система се вкрстат барем еднаш, ефектот ќе трае засекогаш. Облеката и другите лични работи, особено на болните луѓе, се складиште на „информации“ за нивниот сопственик. Тие дури имаат силно влијание врз новиот сопственик, вклучувајќи ја и неговата психа, имунолошкиот систем, емоционалните реакции…

Делата на лексикографот Владимир Дал и етнографот Иван Сакатов, споменуваат многу ритуали поврзани со облеката и работите кои припаѓале за сериозно болни или починати луѓе. Тие откриваат дека, за да се ослободат од „миризбата“ од болеста, порано луѓето ги исфрлале работите на покојниот од својот дом, но им било жал за оние сочувани работи, па ги оставале покрај патиштата. Доколку некој ги земел и почнал да ги користи, со нив би ја зел и болеста и сите неуспеси на претходниот сопственик.

Докторите генерално се против популарниот тренд на поклонување детска облека, поради можните инфекции. За да отстраните сè што треба кај половната облека, потребни се многу хемикалии, а тоа не е добро за вашето здравје, па затоа експертите не го препорачуваат овој вид заштеда. Исто така, се вели дека на овој начин ќе го сопрете кругот на пренесување бактерии и други работи на новите сопственици.

Особено опасно се смета носењето туѓи обувки. Тие покрај сè, ја допираат и земјата и оставаат траги. Подобро купете евтина, но сепак нова облека.

Погледнете ги и овие 5 алтернативни начини за пренамена на детската облека што децата ја надраснале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар