Зошто не треба да им купувате скапи подароци на вашите деца?

Зошто не треба да им купувате скапи подароци на вашите деца?

Истражувачите од Универзитетот Мисури испитале илјада млади возрасни со цел да утврдат кој систем на воспитување го применуваат современите родители. Се докажало дека поголемиот дел од родителите во воспитувањето на сопствените деца се служат со материјални стимуланси. Тоа значи дека ако сакаат да ја искажат грижата и љубовта кон детето, најчесто му купуваат некој поклон. Ако сакаат да го казнат своето дете – му забрануваат да користи некои работи. А доколку сакаат да го научат на некои правила и должности, скоро секогаш користат пари или ветување дека ќе добијат одреден уред.

1-ne-kupuvajte-im-na-vashite-deca-skapi-pokloni-postojat-dve-prichini-za-toa-www.kafepauza.mk_

Резултатите од ова интересно истражување се објавени во списанието „Consumer Research“. Научниците дошле до заклучок дека сè поголем број млади мајки и татковци ги стимулираат децата со помош на пари или предмети. Ако детето го наместило својот кревет – ќе добие сладолед. Ако има добри оцени – ќе добие мобилен телефон на полугодие. Ако помага со средување и чистење на домот – ќе добие нови фармерки.

На прв поглед делува дека сè е во ред. Од една страна детето учи дека парите и поклоните во неговиот живот не доаѓаат туку така, а од друга страна пак, детето има постојана стимулација да стане уште подобро.

Меѓутоа, истражувањето покажало дека таквиот пристап со себе носи барем две недостатоци. Како прво, материјалните поклони не ги усреќуваат децата. Тоа е потврдено со дополнителни истражувања. Како второ, децата кои од детството имаат таков третман учат самите себеси, но и другите да ги оценуваат врз основа на материјалното добро со кое располагаат. Ако го плаќате детето за неговото примерно однесување, тоа на потсвесно ниво, значи самото несвесно за тоа, ќе започне да се однесува лошо кон оние деца што немаат играчки какви што има тоа. Тоа објаснува многу, зар не? Дали некогаш сте се запрашале зошто учениците од пониските одделенија ги исмејуваат децата кои немаат, на пример, мобилен телефон? Или зошто учениците ги малтретираат послабите од себе одземајќи им ги парите или играчките?

Истото тоа важи и за обратната стимулација. Ако му забраните на вашето дете да ги користи неговите омилени работи, поради тоа што добило единица во училиште, тогаш немојте да се чудите доколку за месец дена ве повикаат во училиштето, бидејќи вашето дете им ги краде предметите на другите деца.

2-ne-kupuvajte-im-na-vashite-deca-skapi-pokloni-postojat-dve-prichini-za-toa-www.kafepauza.mk_

Најлошото во сето тоа е долгорочниот ефект кој го има ова воспитување. Кога вака воспитаните деца ќе пораснат, тие цврсто го поврзуваат социјалниот успех и работите со кои располагаат. Тоа, ако може да се каже, и не е така лошо… За нормален живот се потребни пари, па добро е да ги заработува, а трката за пари воедно може да го тргне детето од наркоманија или безболно паѓање од врска во врска. Но, Американската психолошка асоцијација напомнува дека луѓето кои власта над материјалните работи стриктно ја поврзуваат со социјалниот статус, всушност никогаш не се среќни. Истражувањата покажуваат дека тие почесто добиваат трауми, патат од депресија и осаменост и имаат низа проблеми со партнерот. Како ви делува ова?

Постои само еден начин да му помогнете да вашето дете да се изгради во среќна и исполнета личност, а тоа е да поминувате повеќе квалитетно време со него. И наместо материјални поклони, почесто подарувајте му нови искуства и впечатоци. Следниот пат кога вашето дете ќе донесе петка по математика или без опомена наутро ќе го спреми својот кревет, немојте да му купувате играчка. Одведете го во парк. Или изгледајте го заедно неговиот омилен филм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар