Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

Пајаците кои се појавуваат дома се важен дел од природата и екосистемот, а во исто време се и сосема безопасни за вас, па затоа обидете се да не ги убивате следниот пат. Некои видови пајаци можат да се најдат во домот сосема случајно, а други всушност уживаат во тоа да бидат некаде внатре. Овие инсекти може да бидат корисни, односно да ловат и јадат други инсекти, меѓу кои и поопасните видови пајаци.

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

Најпознатиот „домашен“ пајак е оној со големи и тенки нозе и токму тој е сосема безопасен, но може да создаде мрежа во која ќе улови друг инсект кој можеби би ве каснал или пак би ви пренел некоја зараза. Комарците се едни од нивните омилени закуски, а постојат и видови пајаци кои јадат исклучиво комарци кои неодамна каснале некого и се полни со крв на својата жртва. Така, со убивање на пајак, всушност му овозможуваме на предаторот да продолжи да живее во вашиот дом.

Стравот од пајаци е сосема природен, а може да потекнува од изгледот и од отровноста, која кај честите видови е мала и ретко може да им наштети на луѓето. Постојат и такви кои што иако некогаш се плашеле, успеале да го надминат стравот од пајаци со тоа што се посветиле на нивно проучување. Значи, не е невозможно.

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом?

Исто така, треба да имате на ум дека вие воопшто не сте цел на пајакот кој некако се нашол во аголот од собата. Всушност, пајаците повеќе се плашат од луѓето. Каснувањата од домашни видови пајаци се ретки, а опасните видови не живеат блиску до нас. Затоа, следниот пат кога ќе начекате пајак кај вас дома, ако веќе не можете да го поднесете, наместо да го убиете и фрлите, пробајте некако да го фатите и изнесете го надвор, за да може да продолжи да живее.

Исто така, прочитајте ги и овие застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар