Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

Според истражувањето спроведено од страна на веб-порталот „One Poll“, околу 40% од дамите имаат лош однос со своите свекрви, а голем дел од нив секојдневно водат војна, поради „добронамерните“ совети кои им ги упатува нивната свекрва. 4 од 10 жени имаат тежок однос со свекрвата, а 1 од 10 жени, воопшто не комуницира со свекрвата, за да ги избегне честите расправања. Најголем повод за кавга, е вмешувањето на свекрвата во воспитувањето на децата.

Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

Свекрвите кои пред своите снаи честопати ги започнуваат речениците со „Во мое време јас правев вака“, или се фалат дека синот ги наследил добрите особини од неа, се најомразени помеѓу женската популација, а најлоша е онаа која се осудува на сопругата на нејзиниот син да ѝ дава финансиски совети.

Зошто не се согласуваат снаите и свекрвите?

Околу половина од мажените жени, признале дека се имаат искарано со нивниот сопруг поради вмешувањата од страна на неговата мајка, а 15% за малку ќе ја прекинеле љубовната врска поради конфликт со свекрвата.

Еве каде грешат свекрвите
  • Дава совети за „подобро“ воспитување на децата.
  • Се однесува како да знае ама баш сѐ подобро од снаата.
  • Дава изјави од типот „Во мое време постапувавме вака…“
  • Ја критикува снаата околу воспитувањето на децата.
  • Им дава на децата премногу слатки и нездрава храна.
  • Се прави дека знае што на внуците им се допаѓа, а што не.
  • Не ја слуша снаата.
  • Ги потенцира добрите особини на синот, бидејќи тој ги „наследил“ од неа.
  • Се меша во финансиските работи на нејзиниот син и снаата.
  • Го прашува синот „Јадеш доволно? Изгледаш слабо“.
  • Ѝ дава забелешка на снаата дека треба да ослаби.
  • Им потенцира на синот и снаата дека треба побрзо да имаат деца, зашто нема да се подмладат.
  • Ги критикува јадењата на снаата, бидејќи таа не знае да зготви доволно добро.
  • Дава забелешки за облеката на снаата.
  • Одбива да слуша совети од снаата како да ги чува внуците, бидејќи знае, „и таа имала свои деца“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Blaga Reply

    SVEKRVATA TREBA DA ZBORUVA 24 CASA DNEVNO,AKO NE JA BOLI USTATA,A SNAATA MOZE DA SI MOLCI CELO VREME I DA SI RABOTI PO NEJZINO ZA DA NE SE NERVIRA .

Остави коментар