Зошто не можете вистински да уживате во празниците?

Зошто не можете вистински да уживате во празниците?

Доколку се сметате себеси за перфекционист, доаѓањето на празниците веројатно ве прави нервозни. Сигурно сте во потрага по совршениот подарок, сакате да направите совршена семејна вечера и да си поминете совршено на новогодишната ноќ. Сите овие работи предизвикуваат голема анксиозност и го уништуваат празничниот дух. Клучот лежи во тоа да ја намалите вашата потреба за воспоставување контрола и да се препуштите целосно. Следниве неколку работи ќе ви помогнат да го остварите тоа…

Зошто не можете вистински да уживате во празниците?

Поставете ги вашите приоритети

За време на празниците перфекционистите би требало да постават некои граници и да ги одредат нивните приоритети. Што ви е најважно? Да се дружите со пријателите? Да поминете време со семејството? Одберете го она што сакате да го правите овој период и фокусирајте се само на тоа. Освен тоа, не преземајте дополнителни обврски и одговорности што уште повеќе ќе ја зголемат вашата анксиозност и ќе ве спречат да уживате периодов. Не мора да им помогнете на сите ваши пријатели да направат вечера или да организираат забава. Поставете некои граници.

Не претерувајте

Немојте да си поставувате преголеми очекувања за време на празниците. Не мора да имате совршени украси и не мора да отидете на секоја можна новогодишна прослава. Тие работи исцрпуваат и нема да ви направат никаква услуга. Перфекционистите исто така одбегнуваат да започнат нешто доколку не можат да предвидат совршена реализација на планот. На тој начин, обврските се натрупуваат што доведува до уште поголем стрес. Правете планови, но не преземајте премногу обврски. Не давајте ветувања што нема да можете да ги исполните. Во ред е понекогаш да кажете „Не“.

Замислете си ја реакцијата што сакате да ја добиете и потоа целосно заборавете на таа замисла

Перфекционистите премногу размислуваат што да им подарат на нивните најблиски. Тие сакаат да најдат нешто што ќе ги восхити и ќе ги остави без зборови. Но, што ако и по целиот вложен труд, подарокот сепак не им се допадне? Многу е важно да ја земете предвид и таа можност. Голема е веројатноста дека реакцијата нема да биде толку лоша. Не можете да погрешите при подарувањето. Ако подарокот е од срце, тоа ќе биде забележано и никого нема да разочарате. Лошиот подарок нема да ги уништи вашите односи со најблиските.

Зошто не можете вистински да уживате во празниците?

Фокусирајте се на позитивните работи

За да се ослободите од перфекционизмот за време на празниците, фокусирајте се на нештата за кои би требало да бидете благодарни. Искажете ја вашата благодарност и така ќе успеете да го смените вашиот начин на размислување. Можете дури и да ги запишете сите работи за кои сте благодарни со цел да ги повикате позитивните мисли. Мозокот е создаден на тој начин што најпрво ги забележува нештата што се погрешни. Дури и кога сѐ е во ред, перфекционистите ќе забележат нешто што не е на место. Токму поради тоа, треба да се концентрирате на позитивните работи во вашиот живот и ќе забележите како чувството на анксиозност и стрес полека се намалува.

Започнете нови традиции

Секоја година истите настани, јадења, луѓе… Тешко е да се ослободите од потребата за совршенство, особено ако овогодишните празници почнете да ги споредувате со минатите. Наместо тоа, зошто да не започнете нови традиции? Не плашете се да експериментирате, бидејќи тоа ќе ви помогне да се ослободите од рутината и да станете пофлексибилни. Исто така, потсетете се на последниот пат кога сте се чувствувале слободни. Сигурно тогаш не сте имале контрола врз моментот. Луѓето обожаваат да контролираат, но честопати контролата не е во нивни раце. На луѓето им се допаѓа да живеат во заблуда дека имаат контрола врз нештата. Најсреќните моменти се случуваат кога ќе се ослободите од целата контрола. Стекнувајте нови навики и бидете флексибилни. На тој начин ќе го подобрите вашиот живот и ќе станете посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар