Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Постојат многу причини поради кои луѓето тврдат дека времето додека студирале е нивниот најубав период од животот. Секако дека постојат исклучоци, но вистината е дека токму тогаш запознаваме луѓе со кои се држиме долго, долго време. Само додека студираме стекнуваме пријателства кои се вистински и трајни. А, дознајте и зошто е тоа така.

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

1. Тие ви станаа пријатели во периодот кога веројатно најмногу ви требаа пријатели

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Повеќето од нас дефинитивно знаат колку може да биде интензивен и тежок студентскиот живот. Има многу испити, предавања, трошоци и многу други нешта кои го зголемуваат нивото на стрес во овој период. Пријателите се едни од ретките кои ни помагаат да останеме присебни, а тоа не е мала работа.

2. Тие беа вашето семејство кога ви беа најпотребни или чувствувавте носталгија за дома

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Многумина од нас додека студираат, веројатно се далеку од дома, далеку од родителите, браќата и сестрите, роднините и пријателите. Значи, во новите пријателства пронајдовте блискост што ви беше потребна. Овие личности неретко се и ваши цимери.

3. Го виделе и вашето најлошо издание

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Без разлика дали станува збор за напад на паника, испит, стрес или емоционална состојба, вашите пријатели од студии биле тука за вас и ви помогнале да го пребродите сето тоа. И покрај тоа што ве виделе во најлошо издание, тие сепак останале со вас и сакале да бидете нивен пријател!

4. Се радувале со вас за вашите најголеми успеси

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Покрај лошите моменти, дефинитивно имало и добри! И вашите пријатели од студии веројатно биле сведоци на нив. На пример, кога сте положиле важен испит или сте добиле какви било добри вести, поголемиот дел од времето, вашите студентски пријатели биле првите со кои сте ги споделите убавите новости.

5. Со нив создадовте незаборавни спомени

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Без разлика дали се тие спомени од забави, излегувања, денот по пијана ноќ, или какви било  неволји во кои сте се нашле, тие биле со вас, доживувајќи ги истите искуства.

6. Тие ги знаат сите ваши најголеми тајни

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Сите оние искуства што сте ги доживеале со нив и сите тајни кои не би им ги кажале на никој друг, тие веројатно ги знаат. Вие навистина немавте друг избор освен да бидете пријатели со нив!

7. Сте се наоѓале во иста фаза од животот

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Веројатно сте живеете заедно, сте биле заедно „шворц“ и сте се бореле со истите предизвици. Соочувањето со овие проблеми создава најсилни врски.

8. Заедно сте научиле важни животни лекции

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Живеењето во студентски дом може да биде добра работа поради уште една причина – си разменувате еден со друг некои основни животни вештини. Што се подгрева во микробранова, а што не, како правилно се перат алиштата и што уште не. Ова е важен дел од вашата подготовка за „реалниот живот“ по студиите.

9. Ментално се подготвувавте еден со друг за следниот „страшен“ чекор: Вистинскиот живот

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Животот по студирањето станува сериозен и тежок. Без оглед на тоа колку бевте далеку од тоа, никогаш не престанавте да паничите.

10. Веројатно ви помогнал да се справите со финансиските проблеми

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?

Студентите понекогаш работат за да поминат низ целиот процес на „преживување за време на студиите“. Во многу случаи, вашиот пријател веројатно ви помогнал да се вработите или ви позајмил пари.

Можеби сакате да дознаете и зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар