Зошто најмалку нè интересираат луѓето кои најмногу нè сакаат?
Дали имате забележано дека кога партнерот го гледа најдоброто во вас, вие почнувате да се „ладите“? Имено, објаснувањето за ова лежи длабоко во човечката потсвест.
Во секој од нас постои помал или поголем дел кој верува дека не сме достојни некој да не сака. Токму поради оваа несигурност се гледате како помалку вредни, па кога некој ве обожава без разлика на вашите мани, неретко заклучувате дека нешто не е во ред со таа личност штом ѝ се допаѓа некој како вас.
Па, изгледа дека во нашата природа е да „бараме“ одбивање, наместо љубов од некој кој помалку го цениме.
Природната склоност да се избегнуваат оние кои се заинтересирани за вас произлегува од две главни причини. Првата е потребата за „квалитетно“ потомство преку врска со некој којшто е „подобар“ од вас. Втората причина е вашата несигурност за тоа колку сте всушност вредни за љубов.
Па, како може да ви помогне ова сознание? Можеби кога ќе бидете свесни за ова, ќе почнете да им давате повеќе можности на луѓето кои вистински се заинтересирани за вас и кои ве сакаат. Тешко е да се победи егото, но ако успеете, ќе бидете отворени кон целосно нови и подобри искуства.