Зошто на вашето тело му е потребна прегратка секој ден?
Многу истражувања покажуваат дека и наједноставниот гест на добрина има придобивки и за оној кој го дава и за оној кој го прима. Но кои се тие придобивки?
Кога се прегрнуваме, се зголемува производството на окситоцин, а ова објаснува зошто прегратките прават да се чувствуваме одлично. Окситоцинот е невротрансмитер кој му помага на центарот за емоции со чувства како среќа, и помага во намалувањето на стресот и анксиозноста.
Прегратката исто така го подобрува сексуалниот живот. Во овој случај окситоцинот не само што ве поврзува со партнерот и го подобрува квалитетот на сексот, туку му помага и на кортизолот, хормонот одговорен за справување со стресот. Оваа комбинација го подобрува и спиењето. Според едно истражување од Универзитетот во Северна Каролина, прегратките исто така помагаат и во срцевите заболувања. Причината за ова е тоа што оние партнери кои не се прегрнуваат имаат побрз ритам на срцето.
Едно истражување од Универзитетот во Пенсилванија, покажало дека прегратката и социјална поддршка ја намалуваат веројатноста за болести предизвикани од стрес. Во истражувањето учествувале 404 здрави возрасни личности. Тие 14 дена по ред, секој ден добивале прегратки и социјална поддршка. После овие 2 недели, биле изложени на настинка и се набљудувало како реагирале. Резултатот покажал намален ризик од инфекција поради социјалната поддршка и прегратките. Оние пак кои се разболеле, имале поблаги симптоми од вообичаено.
На кратко, прегратките ве прават среќни, здрави и насмеани без да потрошите пари. Затоа, уште денес прегрнете го партнерот, пријателот и родителите.
Прочитајте ги и овие 10 причини за 8 прегратки на ден!