Зошто на новите Дизни принцези не им се потребни принцови?

Зошто на новите Дизни принцези не им се потребни принцови?

Ние знаеме дека нам не ни е потребен. Да, со текот на годините секој од нас сфаќа дека животот не е бајка, дека тој нуди многу повеќе од пронаоѓање на нашата сродна душа, првата вистинска љубов. Знаеме дека нејзиното пронаоѓање не е единствениот начин на кој ќе ја пронајдеме нашата вистинска среќа… Но, дали без неа ќе се чувствуваме потполно? Без разлика како и да гледаме, секој од нас, свесно или пак несвесно, посакувал да создаде една своја мала бајка.

Но, дали сме можеле да размислуваме поразлично кога нашето детство го граделе принцезите кои секогаш беа спасувани од совршените мажи кои е полесно да се измислат и нацртаат отколку навистина да се пронајдат во вистинскиот живот. Затоа ни беше мило кога на светот им беа претставени Мерида, Елса, но и најновата принцеза, Моана – сите волшебни млади девојки на кои не им беше потребен принц за нивната приказна да добие среќен крај.

Моана е приказна за запознавањето на самите себе. Во античка Океанија, приказната се одвива околу полинезиската принцеза Моана која е во потрага по легендарниот остров. За време на патувањето ја следи нејзиниот пријател Мауи, чиј лик е создаден според еден од најголемите херои на полинезиската митологија.

2-zhivotna-inspiracija-zoshto-na-novite-dizni-princezi-ne-im-se-potrebni-princovi-www.kafepauza.mk_

Ова е одлична вест за сите девојки, а особено за оние од поновите генерации кои ќе израснат градејќи се и запознавајќи се себе, без потреба очајно да трчаат по момчиња во потрага по својот принц.

И пред да помислиме дека принцовите немаат лошо влијание, едно неодамнешно истражување покажа дека девојчињата кои израснуваат со Дизни покажуваат голема количина на стереотипно однесување на тогашните жени.

„Девојчињата кои израснуваат впивајќи такви женски стереотипи, живеат со уверувањето дека некои работи едноставно не можат да ги направат“, вели Сара М. Којн, водич на истражувањето. „Немаат еднаква самодоверба, односно уверени се дека не можат да бидат добри во математика или за наука. Не сакаат да се валкаат, па така се намалува и веројатноста дека ќе се впуштат во експериментирање.“

Не е ни воопшто чудно, бидејќи славните Пепелашка, Снежана или Заспаната убавица се создадени пред педесет години кога светот, но и погледот кон жените бил потполно поразличен отколку денес. Па, исто како што се менува светот, така би требало да се менуваат и принцезите – кои претставуваат пример за девојчињата ширум светот.

3-zhivotna-inspiracija-zoshto-na-novite-dizni-princezi-ne-im-se-potrebni-princovi-www.kafepauza.mk_

Но, дали Дизни отиде доволно далеку или пак само што започна да напредува?

Една мајка неодамна собра 55.000 потписи за да го наведе Дизни да создаде принцеза со инвалидитет.

„Дизни секогаш напредувал за да ги научи децата што е добро, а што лошо. Неговите филмови се неверојатно поучни и тие се совршен начин за децата да научат за моралот, и така да создава добри луѓе. Сепак, филмовите немаат скоро ниту еден лик со инвалидитет. За жал, таквите деца и понатаму се во најголема мера жртви на насилство, односно тие се етикетирани како непопуларни во текот на целото детство“ – изјавила мајката.

Исто така, заедниците на хомосексуалци бараат принцезата Елса во следното продолжение на цртаниот филм „Замрзнато“ да биде лезбејка. Идина Мензел, која го позајмува гласот на Елса, ја подржува оваа акција: „Мислам дека ова е одлична идеја! Дизни едноставно мора да се согласи.“

Заклучок? Фактот дека најновите принцези ќе оддаваат слика на силни, паметни и независни хероини многу нè радува. Сепак, Дизни има уште доста работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар