Зошто на децата во Хонгконг им е толку лесно да ја решат оваа загатка?
Ова е задача за упис во основно училиште која ја добиваат децата во Хонгконг, а неодамна го привлече вниманието на социјалните мрежи.
Можете ли да погодите кој број се наоѓа под паркираниот автомобил?
На децата од Хонгконг им се потребни помалку од 20 секунди за да дојдат до решението. Колку ви требаат вам?
Д-р Дејвид Вајтбред, професор по психологија од Универзитетот во Кембриџ објаснува зошто децата можат многу побрзо да ја решат оваа сликовна загатка од возрасните. Имено, малите имаат значително поразвиена способност за креативно размислување.
„Овој пример одлично покажува дека механизмот на размислување кај децата е значително пофлексибилен од начинот на кој размислуваат возрасните. За жал, денешниот образовен систем оваа особина прилично ја потиснува, а би можела да биде толку корисна за човештвото“, изјавил Вајтбред.
Па, го сфативте решението?
Свртете го екранот наопаку.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.