Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?

Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?

Кога би требало да избереме само еден зачин кој би го содржел „мирисот“ на Божиќ, тоа дефинитивно би бил циметот. Но, зошто е тоа така? За да одговориме на тоа, треба да го земеме предвид неговото потекло.

Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?

Иако неговото име потекнува од 12 век, циметот, се разбира, е многу постар. Се споменува во кинеските записи уште во 3-тиот милениум п.н.е. Оттаму се проширил во Месопотамија и Левант, а се споменува и во Библијата, односно во Псалмите и во Песната над песните.

Кај старите Египќани, циметот се користел во церемониите на балсамирање додека не станал симбол на бесмртноста.

Теофраст и Овидиј ја раскажале легендата според која митскиот феникс користел цимет за да го изгради своето гнездо, кое по смртта на фениксот ќе стане лулка на неговото повторно раѓање. Ова верување довело до популарна употреба на цимет во погребните обреди, и поради неговата симболична моќ и неговиот силен мирис.

Римскиот император Нерон, од друга страна, наредил сета залиха од цимет од Рим да биде запалена на погребната клада на неговата сопруга. Токму на оваа поврзаност со смртта и повторното раѓање се должи делумното присуство на цимет во божиќните рецепти. Вториот е тоа што, поради неговите антиоксидантни својства, често се користел во зимските рецепти во европскиот среден век.

Во 13 век, физичарот Арно де Вилнев го навел циметот како еден од „зимските зачини“ заедно со биберот, каранфилчето и морското оревче.

Откако прочитавте за циметот како божиќен зачин, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од чајот од цимет.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар