Зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?
Мачките се навистина мистериозни суштества. Многу сопственици на мачки забележуваат дека тие понекогаш зјапаат во одредена точка, но не можат да разберат зошто. Постојат неколку чудни теории за натприродните моќи на мачките, но, сепак, подобро е се придржувате до науката. Ако сте љубопитни и ако сакате да ги знаете причините зошто мачките се однесуваат необично, во продолжение прочитајте ги објаснувањата за таквото однесување.
Мачките имаат неверојатен вид
Мачките секогаш ги забележуваат најситните работи, дури и малите пајаци и сенките на ѕидот. Ова можеби не е нешто значајно за човекот, но мачките имаат различна перцепција. Покрај тоа, мачките можат да видат некои различни бранови светлина, како ултравиолетовата, кои се невидливи за луѓето. Тоа е причината зошто одеднаш почнуваат да гледаат во нешто, а вие не треба да се плашите затоа што тие можат само да видат повеќе од вас.
Мачките слушаат звуци што луѓето не можат да ги слушнат
Овие мали суштества имаат многу подобар слух, не само од луѓето, туку и од другите цицачи. На пример, опсегот на слухот на кучето е од 67 херци до 45 килохерци, а кај мачката е од 48 херци до 85 килохерци. Ова им помага на мачките да ги откријат дури и најтивките звуци, како движење по тревата или течење на водата. Значи, ако тие гледаат во ѕидот, можеби постои некој проблем со цевките или некои инсекти се населиле таму.
Се обидуваат да дознаат нешто
Мозоците на мачките веќе долго време се многу интересен предмет за истражување. И покрај тоа што научниците не го разбираат целосно, откриено е дека мачките имаат епизодна меморија исто како и луѓето и можат да ги користат информациите од претходните искуства.
Мачките се многу љубопитни суштества и кога долго време се фокусираат на нешто, тоа може да биде знак дека се обидуваат да дознаат нешто, на пример од каде потекнува изворот на бучава или на светлина. Исто така, тие се обидуваат да откријат каква било опасност.
Таквото однесување може да биде знак на медицинска состојба
Состојбата наречена хиперестезија е еден вид абнормално однесување кај мачките. Симптомите вклучуваат ненадејно грчење на опашката, проширување на зениците, гласно мјаукање, исклучително фокусирање на нешто и неконтролирано уринирање. Причините за оваа состојба не се многу јасни и може да вклучуваат стрес и напади. Ако забележите вакво однесување кај вашата мачка, веднаш консултирајте се со ветеринар.
Прочитајте кои се најчестите заблуди за мачките.