Зошто луѓето во минатото носеле перики?
Во минатото мажите носеле перики за кои плаќале големи суми и кои биле вообичаени за богатата класа во Европа. Како и зошто започнал овој тренд?
Како и многу други приказни од средниот век, приказната за периките започнува со сифилисот. Во 1850 година жителите на Европа морале да се соочат со пандемија на сифилис која се ширела со неверојатна брзина.
Без антибиотици, жртвите морале да се соочат со тешки последици како слепило, осип, деменција, отворени рани и опаѓање на косата.
Во тоа време губењето на косата се сметало за понижувачки чин, а долгата коса била популарен статусен симбол. Кога брат му се разболел од сифилис, англискиот политичар Семјуел Пепис во својот дневник напишал: „Ако брат ми преживее, нема да може да ја покаже главата во јавност, а тоа ќе биде голем срам за мене“.
Така, со појавата на сифилисот почнал да се развива бизнисот со перики. Болните ги криеле крастите и ќелавите глави со перики кои биле изработувани од човечка коса, но и од коњски и козешки влакна. За да се отстранат непријатните мириси, се користеле прашоци со мирис на лаванда и портокал, поради што се родил терминот „напудрени перики“.
Во тоа време иако истакнати благородници носеле перики, сепак тие не биле толку популарни. Тоа се променило кога кралот на Франција во 1655 година почнал да ја губи косата. Францускиот крал Луј XIV имал само 14 години кога косата почнала да му се проретчува. Загрижен дека тоа ќе му го наруши угледот, кралот обезбедил дури 48 перики за да си го спаси угледот.
Така, носењето перика станало вистински тренд. Најобичната перика чинела 25 шилинзи, што била неделна плата на граѓаните од средната класа, а за посложени перики се плаќало дури и до 800 шилинзи. Но, овој тренд почнал да изумира кон крајот на 18 век и тоа почнувајќи од периодот на Француската револуција.
Откако прочитавте за овој тренд, можеби ќе сакате да прочитате и за 7 -те стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес.
Извор: nationalgeographic.rs