Зошто луѓето стануваат сè поинтелигентни? И повисоки?

Зошто луѓето стануваат сè поинтелигентни? И повисоки?

Податоците од 350.000 луѓе низ 100 различни студии ни покажуваат дека луѓето стануваат сè попаметни, но исто така и повисоки. Прочитајте зошто…

Зошто луѓето стануваат сè поинтелигентни? И повисоки?

Една неодамнешна студија ни открива дека колку повеќе генетски различни се вашите родители, толку се поголеми шансите да размислувате побрзо. Луѓето чии родители имаат многу различни гени имаат и поголеми шанси да бидат повисоки. Овие податоци доаѓаат од 350.000 луѓе кои учествувале во над 100 различни студии.

Истражувачите од Универзитетот во Единбург барале сличности во генетскиот код кај родителите. Кога тие делат ист генетски код, тоа значи дека тие се и роднински (далечно) поврзани. Од друга страна пак, поголемите генетски разлики, укажуваат дека најверојатно не постои никаква роднинска поврзаност помеѓу нив. Со тек на времето, токму оваа генетска разновидност влијае врз интелигенцијата и висината.

Д-р Петар Јоши вели:

„Нашето истражување дава одговор на прашања кои прв пат биле поставени од Дарвин за генетската разновидност. Нашиот следен чекор ќе биде откривањето на специфичните делови од геномот кои водат до најголемите придобивки од разновидноста.“

Другиот истражувач, д-р Џим Вилсон, додава:

„Оваа студија ни ја покажува моќта на интензивните генетички анализи во откривањето фундаментални информации за нашата еволуциона историја.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар