Зошто луѓето немаат црни очи?
Бојата на очите се менува сè додека не наполниме 3 години. Сепак, невозможно е очите на човекот да бидат во црна боја. Нашите очи едноставно изгледаат црни поради осветлувањето или поради рефлексија на облеката што ја носиме. Во продолжение ќе откриете зошто луѓето со природно црни очи постојат само во приказните.
Нашите гени не го дозволуваат тоа
Постојат околу 16 различни гени кои се одговорни за бојата на очите. Два од овие гени се главни фактори, а тоа се гените HERC2 и OCA2. Овие гени ја усогласуваат бојата на очите преку количината на меланин присутен во ирисот. Како резултат на тоа, бојата на очите може да се движи во широк спектар на нијанси, но најтемна можна боја е многу темно кафеава, а не црна.
Најверојатно ќе плачеме постојано
Предметите кои се црни апсорбираат повеќе светлина за да изгледаат навистина црни. Вишокот светлина и енергија што се апсорбираат се претвораат во топлинска енергија. Тоа може да значи дека ако нашите гени ни овожможиле да имаме вистински црни очи, на нашите очи можеби ќе им требаат многу солзи за да не се прегреат и да не се исушат.
Нашите очи не би биле заштитени од штетната светлина
Исто така, не би можеле да излегуваме сред бел ден кога би имале црни очи. Сончевите зраци содржат ултравиолетова светлина, а црните предмети имаат тенденција да апсорбираат повеќе УВ-светлина отколку другите бои. Продолжената изложеност на УВ-светлина може да го влоши здравјето на очите и да доведе до појава на проблеми, како што се катаракта или рак на кожата.
Меланинот обезбедува боја во ирисот кој нè штити од ултравиолетова светлина. Истражувањата покажуваат дека меланинот може да уништи над 99,9% од УВ-зраците што ги апсорбира, заштитувајќи ги очите од оштетување како резултат на изложеност на сонце.
Која е најретката природна боја на очите?
Најретката природна боја на очите е всушност зелена. Само 2% од луѓето од целата светска популација имаат зелени очи. Исто така, постојат некои ретки состојби кога луѓето имаат црвени или виолетови очи поради окуларен албинизам, а други имаат различна боја на очите поради хетерохромија.
Прочитајте што се случува со вашето тело кога спиете на ново место.