Зошто луѓето кои пишуваат се високо интелигентни?
Секаде се верува дека луѓето кои градат кариера во областа на науката и технологијата се многу интелигентни, додека оние кои се определуваат за општествени науки се верува дека имаат пониска интелигенција. Но, она што многумина не го знаат е дека пишувањето може да ви ја подобри интелигенцијата.
„Заклучете ги библиотеките ако сакате, но нема порта, нема брава, нема квака што може да ја затвори слободата на мојот ум.“ – Вирџинија Вулф
Писателите учат побрзо
„Читајте, читајте, читајте. Читајте сѐ – глупости, класици, добри и лоши работи и видете што ќе се случи. Како столари кои работат како ученици и учат од мајсторот. Читајте! Ќе го впиете тоа. Потоа пишувајте. Ако е добро, ќе дознаете. Ако не е, фрлете го низ прозорецот.“ – Вилијам Фокнер
Во едно истражување учествувале 2 групи студенти, од кои едните фаќале белешки со рачно пишување, а другите го правеле истото на лаптоп. Резултатите покажале дека студентите кои рачно ги пишувале белешките полесно ги помнеле информации. Исто така, тие размислувале покритички за информациите. Со оглед на тоа што пишувале рачно, знаеле дека нема да можат да забележат сѐ и затоа морале да ги издвојат важните информации уште во првиот момент. Другата група студенти фаќале белешки на лаптоп како да пишуваат диктат. Позагрижени биле за тоа дали ќе успеат да ги запишат сите информации отколку за содржината.
Писателите подобро знаат да ги организираат и процесираат информациите
„Пишуваме за да го вкусиме животот два пати, во моментот и во ретроспектива.“ – Анаис Нин
Потребни се многу вештини за писателот да успее да го напише токму тоа што сакал да го каже. Многу често се случува луѓето да напишат нешто што воопшто не ни планирале да го стават на хартија. Токму затоа, тие треба најпрво да ги организираат идеите. Таквото континуирано процесирање на информациите им овозможува да размислуваат разумно во критични ситуации.
На писателите им е полесно да се справат со негативноста
„Инаку, може да се пишува за сѐ што постои во животот ако имате храброст да го сторите тоа и имагинација за да импровизирате. Најголемиот непријател на креативноста и сомнежот.“ – Силвија Плат
Во едно истражување учествувале 3 групи невработени инженери. Резултатите откриле дека оние коишто морале да пишуваат за нивната моментална невработеност имале 2 пати поголеми шанси да најдат работа 8 месеци по истражувањето (53% наспроти 24%). Може да се заклучи дека пишувањето им овозможува на луѓето да размислуваат за нивните моментални проблеми на поразумен и поорганизиран начин. Тоа им помага поефикасно да ги решат проблемите.
Писателите имаат висока емоционална интелигенција
„Ако писателот не пролее солзи, ниту читателот нема да пролее солзи. Ако писателот не се изненади, ниту читателот нема да се изненади.“ – Роберт Фрост
Емоционалната интелигенција денес се смета за поточна мерка за нечија целокупна интелигенција, за разлика од коефициентот на интелигенција. Писателите имаат висока емоционална интелигенција, бидејќи пишувањето им овозможува да станат свесни не само за своите емоции туку и за туѓите. Освен тоа, писателите постојано се самоанализираат. Тоа им помага подобро да ги разберат сопствените емоции.
Доколку сакате да пишувате, но мислите дека не знаете како, еве како да ја совладате оваа техника.