Зошто кучињата си го лижат носот?
Кога кучето си го лиже сопствениот нос, тоа може да изгледа симпатично и да изнуди насмевка на лицата на луѓето, но вашиот пријател не го прави тоа со таква цел. Кучињата имаат свој кучешки јазик со кој се обидуваат да комуницираат меѓу себе и со луѓето, а овој интересен гест е еден од нив.
Според истражувачите, со лижењето на носот тие не се обидуваат да ја возбудат и да ја разиграат околината, туку пренесуваат порака дека се смируваат. Тоа не значи дека се ослободени од секаков стрес, но веќе не чувствуваат никаква опасност и се обидуваат да ја проценат ситуацијата пред да го преземат следниот чекор. Тоа би бил кучешки еквивалент на скрстените раце или чешањето на главата кај луѓето.
Исто така, тоа често се случува и пред средба со друго куче или личност. Сакаат да пренесат порака на смиреност пред да „се претстават“ пред потенцијалниот пријател и затоа набрзина го исплазуваат јазикот кон носот.

Ова куче го лиже својот нос поради елиминирањето на потенцијалната несигурност. Тоа во прв момент може да се почувствува загрозено поради присуството на камерата, но кога тоа ќе исчезне, со овој потег покажува дека веќе не се плаши и се спрема за нешто друго.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.