Зошто искреноста е секогаш најдоброто решение?

Зошто искреноста е секогаш најдоброто решение?

На сите ни се има случено одвреме-навреме да кажеме по некоја лага со цел да ги избегнеме непријатните ситуации и да ги скриеме нашите чувства и намери. Меѓутоа, лажењето секогаш ќе нè чини нешто, додека, пак вистината е непроценлива. Во продолжение прочитајте неколку причини зошто секогаш треба да бидете искрени.

Зошто искреноста е секогаш најдоброто решение?

1. Вистината секогаш излегува на виделина. Со лажењето само добивате на време, но веројатно подоцна кога ќе се открие дека сте излажале, последиците ќе бидат уште полоши.

2. Ќе се чувствувате подобро ако сте искрени и отворени.

3. Другите ќе ви веруваат, а довербата е основата на сите врски.

4. Другите ќе бараат од вас искрено мислење и совет.

5. Нема да морате да памтите и да градите цела мрежа од лаги. Лагите обично водат кон уште лаги за да се покријат првичните и на тој начин се создава маѓепсан круг од кој нема излез.

6. Лажењето е лесен начин да се извлечете од некој проблем, но со тоа што ќе бидете искрени, ќе научите да се справите со тешките и непријатни ситуации, благодарение на што ќе созреете како личност.

Зошто искреноста е секогаш најдоброто решение?

Сега кога ве убедивме дека подобро е да бидете искрени, еве неколку совети и како да одолеете на искушението да излажете:

Соочете се со проблемот:Факт е дека искреноста е потешка, инаку воопшто не би се осмелиле да лажеме. Соберете храброст и кажете ја вистината, другите ќе го ценат тоа.

Бидете подготвени: Одберете ја вистината без да размислувате премногу за сите можни негативни последици.

Имајте верба во другите луѓе: Обично претпоставуваме дека другите нема да ја разберат и прифатат вистината. Дајте им шанса!

Ставете се себеси на местото на другиот: Повеќе би сакале да бидете излажани?

Одберете ги вашите зборови: Да се биде искрен не значи да се биде некултурен и суров. Размислете на тоа што ќе кажете и како ќе го кажете истото. Сепак треба да постапите дипломатски и да бидете фини за да не ги повредите чувствата на луѓето.

Уверете се дека подобро е да се биде искрен: Ако не верувате во тоа, тогаш ќе се префрлите на лажење веднаш кога ситуацијата ќе почне да оди во негативна насока.

Гледајте на искреноста како можност да созреете: Отвореноста и искреноста во комуникацијата се многу значајни вештини за приватниот и професионалниот живот на секој човек. Со секоја наредна ситуација вие ќе имате можност да вежбате и да станувате подобри и поискрени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар