Зошто инстинктивно се истегнувате и се проѕевате кога се будите и зошто е тоа толку важно?
Звукот на алармот ви сигнализира дека треба да станете, но тој не го буди вашето тело, па затоа се протегате и се проѕевате. Можеби не му обрнувате внимание на тоа затоа што го правите како неволен процес. Сепак, овие 2 активности прават многу повеќе за вашето тело отколку само да ве разбудат.
1. Истегнување ќе ги активира мускулите
Кога спиете, мускулите го губат тонусот, а гравитацијата ја влече течноста на едно место по грбот. Кога се истегнувате, ја масирате таа течноста и ѝ помагате да се врати во својата нормална положба. Но, како што вашите нервни импулси ја достигнуваат својата граница, така мускулите се штитат од прекумерно истегнување со нивно совладување.
Истегнувањето ќе ги ослободи мускулите од нивното место за одмор за да можат да работат соодветно. Овој процес ќе ви помогне при пресметувањето на движењата што треба да ги направите за да станете и да започнете да се движите.
2. Може да го намали стресот
Кога истовремено се проѕевате и се истегнувате, се подобрува циркулацијата на крвта, што автоматски го намалува стресот.
3. Може да помогне при вкочанетост
Ако поминувате повеќе време во една позиција, тоа може да влијае на вашето тело и да предизвика вкочанетост. Кога се истегнувате по будењето, тоа влијае на зглобовите и на мускулите и помага во одржувањето поширок опсег на подвижност, дури и ако не правите сложени активности. Тоа му кажува на вашиот мозок дека е време да станете.
4. Му помага на мозокот да испраќа посилни сигнали до мускулите
Истегнувањето помага при обновување на комуникацијата помеѓу мозокот и мускулите. Ова значи дека додека се истегнувате, вашиот мозок испраќа посилни сигнали до вашите мускули. Тогаш, добиените повратни информации му овозможуваат на мозокот да работи за тоа колку силни треба да бидат сигналите за да извршува различни задачи.
5. Проѕевањето ве расонува
Проѕевањето го лади мозокот и ви помага да останете будни. Исто така, се проѕеваме кога ни е досадно за да останеме будни и да продолжиме со извршувањето на обврските.
Истегнувањето можете да го сфатите како ресетирање софтвер. Тоа го стартува нервниот систем и ја зголемува брзината на процесите во позадина што ве одржуваат будни во текот на денот. Покрај тоа, го зголемува срцевиот ритам и ја турка крвта до вашите екстремитети.
Прочитајте зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима.