Зошто имаме веѓи?
Веѓите се еден од најизразитите делови од нашите тела. Со нашите веѓи остваруваме невербална комуниција со другите луѓе, кога сакаме да покажеме дека сме збунети или лути. Но, дали тоа е нивната единствена цел? Во текот на милениумите, сме изгубиле многу од телесните влакна, па затоа е чудно зошто токму веѓите се задржале на нашите лица?
Како што објаснуваат научниците од тимот на „Head Squeeze“ во видеото, основната работа на веѓите е нивната специјална форма на заштита на очите. Па така кога премногу се потиме или кога врне, а немаме чадор, веѓите со својот облик, ги насочуваат капките по слепоочниците и спречуваат да навлезат во очите. Всушност, нивната работа е толку важна што некои научниците веруваат дека доколку немавме веѓи, повеќе ќе ни се развиел некој друг фацијален дел, кој би ја вршел истата задача. Тоа би значело, дека ако не беа веѓите, ќе изгледавме многу чудно. Погледнете го интересното видео:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.