Зошто играчката „фиџет спинер“ е добра за вашиот мозок?

Зошто играчката „фиџет спинер“ е добра за вашиот мозок?

Доколку редовно сте онлајн или пак, сте разговарале со некој за најновите трендови, сигурно знаете дека оваа играчка стана доста популарна. Фиџет спинерот претставува играчка со три перки кои ротираат околу центарот. Сè што треба да направите е да ја држите за центарот и нежно да ги поттурнувате нејзините перки.

(5)zoshto-igrachkata-fidzet-spiner-mozhebi-e-dobra-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Изгледа дека оваа играчка си има посебна намена. Нејзината креаторка, Кетрин Хетингер, рекла дека играчката е начин да се ослободите од стресот. Таа дури и спомнала дека некоја наставничка ги користела овие играчки кај децата со аутизам и тоа помогнало во нивното смирување.

Дали фиџет спинерот е повеќе од задоволство?

(2)zoshto-igrachkata-fidzet-spiner-mozhebi-e-dobra-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Истражувањата покажале дека Кетрин можеби е во право. Играчката привлекла многу внимание бидејќи помагала во подобрувањето на концентрацијата и менталните активности. Оваа играчка му овозможува на мозокот да биде целосно вклучен и да го одржи фокусот на само една активност.

Движењето му помага на умот

(6)zoshto-igrachkata-fidzet-spiner-mozhebi-e-dobra-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Луѓето кои страдаат од хиперактивност и слични нарушувања, многу често ги мрдаат рацете или нозете. Истото го прават и здравите луѓе кога се нервозни или кога им е здодевно. Фиџет спинерот се покажал како одлична играчка за намалување на стресот што ѝ помага личноста да остане активна.

За оние кои сакаат да ја подобрат концентрацијата: Вежбајте!

(3)zoshto-igrachkata-fidzet-spiner-mozhebi-e-dobra-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Во главно, вежбањето е одличен засилувач на менталното здравје и може да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со фокусот. Но сè уште не е познато дали играчките од овој тип можат да го предизвикаат истиот ефект како и вежбањето. Постојат некои докази дека вежбањето и мрдањето се добар начин да се намалат некои симптоми на хиперактивноста, но потребни се подобри и поопширни истражувања на оваа тема.

Мрдањето е знак дека телото има потреба од нешто

(4)zoshto-igrachkata-fidzet-spiner-mozhebi-e-dobra-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Мрдањето е обид на телото да пронајде решение на некој проблем. Покрај тоа што ја одржува стимулацијата на мозокот, мрдањето се гледа и како „одбранбен механизам“ од предолгото седење, но и како помагало за побрзо учење.

Па, кога следен пат ќе видите некој што ја мрда неговата нога, или пак има мал фиџет спинер во раката, можеби размислува за некој проблем користејќи физичко решение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар