Нови истражувања откриваат нови објаснувања за појавата на зевањето

Зошто и кога најмногу зеваме?

Зевањето веќе долго време е мистерија за научниците. Спротивно на општото верување, тоа не помага при регулирање на нивото на кислород во крвта. Досега ниту едно истражување не добило резултати кои би го поддржале тоа. Исто така, добро е познато дека зевањето е заразно, но ни ова не ни објаснува зошто тоа се појавува.

Нови истражувања откриваат нови објаснувања за појавата на зевањето

Новите истражувања во оваа област укажуваат на една нова теорија, дека ние всушност зеваме за да го оладиме нашиот мозок. Познато е дека мозокот најдобро работи при мал опсег на различни температури. Со помош на зевањето се зголемува протокот на крвта во мозокот, а со тоа и се намалува неговата топлина.

Овие резултати доаѓаат од студија која била спроведена од истражувачи при Универзитетот во Виена. За да се обидат да ја решат мистеријата за зевањето, тие почнале да ги набљудуваат спонтаните проѕевања на луѓето и во топли и во студени услови. Бидејќи им бил потребен широк опсег на температурни разлики, одлучиле да ги набљудуваат луѓето во Виена, Австрија и во Таксон, Аризона. Користењето на овие два града во истражувањето, им овозможило да го набљудуваат зевањето на различни температури, започнувајќи од студените зими во Виена, па сè до топлите лета во Таксон.

Нивното истражување покажало дека луѓето најмногу зеваат кога температурата е околу 20 степени, кога и најмногу се забележало заразно зевање. Кога е ладно ние немаме потреба дополнително да го ладиме нашиот мозок, а спротивно на тоа, како што температурата се зголемува, исто така се намалува и зевањето бидејќи надвор е претопло и тоа не би ни помогнало во ладењето на мозокот.

Кога нашиот мозок е на вистинската температура, тој функционира најоптимално, а со тоа ни овозможува и да размислуваме побрзо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар