Зошто хирурзите носат зелени и сини мантили? Вистинската причина е од големо значење!

Зошто хирурзите носат зелени и сини мантили? Вистинската причина е од големо значење!

Дали некогаш сте се запрашале зошто докторите во хируршката сала носат или зелени или сини мантили, но никогаш бели? Се чини дека токму од ова навидум безначајно правило зависи успехот на хируршката операција.

Зошто хирурзите носат зелени и сини мантили? Вистинската причина е од големо значење!

На почетокот, сите медицински лица носеле бела облека, сѐ додека во 1914 година еден влијателен доктор не се откажал од неговата традиционална униформа и ја заменил со зелена, а потоа и со сина. Проблемот е во тоа што беспрекорно белата боја може да ги заслепи хирурзите на неколку секунди , ако го тргнат погледот од темната боја на крвта и го свртат кон мантилите на нивните колеги. Истото се случува кога во зима ќе излезете надвор и сончевата светлина се одбива од снегот.

Но, овој податок сѐ уште не дава одговор на прашањето зошто хируршките мантили се сини или зелени, а не виолетови или жолти, на пример. Станува збор за следново: Сината и зелената се спротивни бои на црвената на спектарот за визуелна светлина, а за време на операциите хирурзите речиси секогаш се сконцентрирани на црвените бои.

Токму поради тоа, зелените и сините бои на нивната облека не само што го подобрува видот на хирурзите, туку и им овозможува да ги забележат сите различни нијанси на црвената. Како последица на тоа, тие можат да обрнат поголемо внимание на деталите од човечката анатомија што значително ја намалува веројатноста дека ќе направат грешка за време на операцијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар