Зошто ги „мразите“ другите?

Зошто ги „мразите“ другите?

Дали си велите себеси „ги мразам луѓето“ почесто отколку што би сакале? Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е така? Еве што велат психолозите.

Зошто ги „мразите“ другите?

1. Имате големи очекувања

Луѓето кои имаат тенденција да ги мразат другите вообичаено имаат големи очекувања од луѓето околу нив. Тие можат да бидат реални и нереални, но во голема мера влијаат врз начинот на кој гледате кон другите. Така на пример, очекувате другите да ги разберат вашите чувства, мисли, расположенија и перцепции. Очекувате да се согласат со вашето мислење и да ги прават работите онака како што вие посакувате.

2. Се плашите од другите

Честопати се плашите од луѓето кои се различни од вас. Иако можеби ретко си признавате себеси, сепак кога некој споделува различни перспективи, мислења и ставови, имате тенденција да ја мразите личноста. Зошто? Затоа што тие се различни од вас. Според психолозите, една од причините поради која мразиме нешто или некого е фактот дека се плашиме од нештата/луѓето кои се различни од нас. Во социјалната психологија, секој од нас припаѓа во група што ни дава чувство на припадност и идентитет. На тој начин, кога ќе почувствувате закана од некој кој не припаѓа во групата, ќе побарате поддршка во вашата заедница. Со други зборови, омразата претставува еден вид механизам за преживување.

3. Се плашите од себе

Кога се чувствувате несигурно за тоа кои сте вие и не можете да ги прифатите сопствените мани и недостатоци, барате излез преку обвинувањата и омразата кон другите. Тоа што го мразите кај другите се оние работи од кои вие самите се плашите. Имате тенденција да ги идентификувате кај другите оние особини кои ги мразите кај себе, но не сакате да си признаете дека тоа се и ваши особини.

4. Недостиг од емпатија

Емпатијата е способност да се ставиме себеси во нечија позиција. Кога имаме сопствена перцепција за тоа како треба да бидат поставени нештата, тогаш тешко ни е да го прифатиме туѓото мислење. Во тој случај не сме способни да го почувствуваме или да разбереме она што другите го доживуваат.

Откако прочитавте зошто ги мразиме другите, можеби ќе сакате да прочитате и 13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар