Зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?

Зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?

Повеќето од нас пораснале слушајќи од повозрасните дека студентските денови се најубавите години во животот. Факултетот симболизира независност, прилика за да се искуси секоја можност којашто доаѓа на патот. Тоа не е само авантура каде што се стекнуваат искуства со нови луѓе, места и работи, туку и шанса да се стане независен.

Но, речиси секој од нас, на некој начин, замислувал дека во овие четири години ќе ја запознае личноста со која ќе стапи во брак. Да бидеме реални, кога постојано сме опкружени со заљубени парови кои ги слават своите годишнини и кои веќе ја планираат својата заедничка иднина, понекогаш се запрашуваме што правиме погрешно и зошто сè уште не сме го пронашле вистинскиот партнер? Но и тоа има своја позитивна страна. Искуството како сингл девојка во четирите години поминати на факултет нуди многу предности, а во продолжение погледнете дел од нив.

1. Ќе стекнете независност

Зафатената и енергична жена, ориентирана кон своите цели е многу поатрактивна од жената која чека мажот да ја направи среќна. Иако понекогаш е потребен партнер на кој би можеле да се потпрете, важно е да изнајдете начини да ги направите нештата интересни, без да западнете во секојдневната рутина. Како сингл девојка, вие можете да се приклучите на различни организации, повеќе да читате или пак да научите да готвите. Времето поминато со овој статус ќе ве натера да сфатите дека можете да се забавувате и самите.

2. Ќе изградите силни врски со вашите пријателки

Велат дека момчињата доаѓаат и си одат, но пријателите се засекогаш. Иако ова не е секогаш така, повеќето од пријателите коишто сте ги запознале на факултет многу е веројатно и понатаму да останат покрај вас. Не дека не може да се запознаат или да се задржат овие личности доколку сте во врска, но постои некоја посебна поврзаност помеѓу сингл девојките и нивните пријателки.

3. Ќе одите на љубовни состаноци, а притоа ќе откриете што навистина сакате, а што не

Живееме во време кога закажувањето состаноци претежно се одвива преку интернет, а различните апликации прават тоа да изгледа премногу лесно. Сингл девојките во своите дваесетти имаат можност да ги искористат предностите на овие технолошки достигнувања преку коишто може да се запознаат различни луѓе, а кои ќе им донесат корисни искуства во животот.

4. Ќе останете фокусирани

Факултетот е период кога се случуваат огромни промени, без разлика каков е вашиот љубовен статус. Сепак, кога врската ја ставате во преден план, лесно можете да заборавите на останатите ваши цели, задачи и одговорности. Често пати младите во тие години не умеат правилно да балансираат помеѓу врската и останатите случувања во животот.

5. Самите ги правите плановите за по завршувањето на факултетот

Месеците пред дипломирањето носат возбуда и вознемиреност. Оние коишто студирале надвор од своето место на живеење треба да размислуваат за своето враќање назад, или пак останување онаму каде што студирале. Ова е важна одлука којашто бара разгледување од повеќе аспекти, па доколку сте во врска, вашите опции ќе бидат значително ограничени, затоа што во секој план ќе мора да го вклучите и вашиот партнер. Слободата за донесување на вакви важни одлуки е од големо значење.

6. Го планирате времето и вашите постапки онака како што вам ви одговара

Врските можат да бидат возбудливи, но способноста да се каже ДА на животот, без притоа да се биде оптоварен со потребите на другите, е вистинска реткост. Можете непланирано да отпатувате некаде со вашата другарка, да одите на состаноци „на слепо“ и многу други возбудливи работи коишто не би можеле да ги правите доколку сте во врска. Па, искористете ја слободата и зграпчете ги можностите коишто ви ги нудат вашите дваесетти!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    da prasam sakas kazes casna sestra e ok da se bide?

Остави коментар