Зошто е корисно читањето класици? - Part 2

Зошто е корисно читањето класици?

6. Едукација и забава

Читањето на врвни дела е вистинска забава. Клучот за тоа е надминувањето на  јазичните потешкотии. Навистина е полесно одошто мислите. По првите неколку прочитани класици, ќе сфатите дека читањето оди лесно и крајно ве мотивира. Постои причина зошто класиците се најчесто филмувани – ја имаат најдобрата содржина и се неверојатно забавни.

Зошто е корисно читањето класици?

7. Софистицираност

Ако сакате да бидете одлични во конверзацијата, познавањето на класиците е најважно. Темите во овие книги никогаш не изумираат. Тие се дел од човековата историја која нема да исчезне за 10 години, како што е случајот со 99 проценти од темите во бестселерите. Кога читате класици, почнувате да ги цените идеите, кои останатите ги земаат здраво за готово. Верувајте дека цитирајќи го Аристотел или Волтер, секако ќе излезете како победник во многу интелектуални расправи.

8. Корисно поминато време

Прочитајте некој бестселер и веднаш потоа прочитајте некое класично дело. Веднаш ќе ја забележите супериорноста на класиците. Запомнете, вистински добрите книги не излегуваат секоја година. Наместо да читате само современа литература, посветете го времето за покорисни и подобри четива.

9. Градење уникатен став

Доколку сте писател, новинар, колумнист или блогер, игнорирањето на класиците е огромна грешка. Без разлика за кои теми пишувате, мора да звучите убедливо и да изградите свој препознатлив, впечатлив став. Секако, најдобар начин да го научите тоа е од врвните книжевни мајстори.

Зошто е корисно читањето класици?

10. Запознавање со безвременски идеи

Во денешно време склони сме да веруваме дека технологијата менува сè. Но, лекциите од класиците се полни со идеи кои не умираат, без разлика на огромниот технолошки напредок. Богати се со информации кои навистина може да ги примените во реалниот живот. Не верувате? Пробајте да ја читате автобиографијата на Бен Френклин, без нешто да научите. Читањето на класици ни го подобрува разбирањето за човековите состојби и ни ја крева свеста за проблемите на модерниот човек.

За крај, текстот не е напад врз сè што е модерно. Читањето единствено на класици е еднакво неумесно, како и нивното целосно игнорирање. Целта е да се спојат мудроста на минатото со иновацијата на иднината. Врската е нераскинлива – најдобрите книги допрва ќе бидат напишани.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар