Зошто е корисно читањето класици?

Зошто е корисно читањето класици?

Денес, повеќето луѓе читаат бестселери, а класиците се некако подзаборавени, иако се дел од непроценливото интелектуално наследство на човештвото. Факт е дека читањето класици со себе носи многу придобивки и предности. Збогатување на вокабуларот, подобрената мозочна активност, безвременските теми, се само некои од нив.

Зошто е корисно читањето класици?

1. Збогатување на вокабуларот

Кога читате класици се среќавате со многу зборови што повеќе не се во употреба. Имањето побогат вокабулар е како да сте еден чекор пред останатите. Големиот арсенал зборови ја зголемува елоквентноста. Ќе бидете попрецизни во комуникацијата и ќе создадете впечаток на интелигентна личност, што пак многу ќе ви помогне во работните и друштвените ситуации.

2. Подобро пишување

Читањето класици е најлесен начин за подобрување на пишувањето. Додека читате, потсвесно ја апсорбирате граматиката и стилот на авторот. Зошто да не се учи од најдобрите? Големите автори едноставно ви го обземаат умот, па така, по читањето, вашите мисли почнуваат да наликуваат на оние искажани од авторот во неговото дело. Ова влијание се пренесува врз пишувањето, и помага во формирањето на јасни и ритмични реченици.

3. Подобро зборување

Преку класиците, подобро размислувате, а со тоа станувате не само подобри во пишувањето, туку и во говорењето. Читањето на вакви дела ќе ви помогне да се изразувате со стил и прецизност. Ќе го усовршите јазикот на кој ги читате,  а со тоа ќе станете поубедливи, ќе звучите попаметно и ќе ја чувствувате предноста пред помалку вештите од вас.

Зошто е корисно читањето класици?

4. Добивање свежи идеи

Зарем не е иронично што најдобрите идеи ги добиваме од автори кои се мртви со векови? Едни од најгенијалните идеи потекнуваат токму од класиците. Повеќето луѓе кои ги познавате најчесто читаат популарни блогови и бестселери, со што доаѓа до повторување на едни исти идеи, кои водат кон досада и монотонија. За тоа да не биде така, нека класиците бидат ваша инспирација. Така ќе ја зголемите креативноста и ќе се здобиете со нови, свежи идеи.

5. Стекнување почит кон минатото

Ајнштајн еднаш рекол: „Оној кој чита само весници и книги од современи автори, мене ми делува како кратковида личност, која одбива да носи очила. Комплетно е зависен од предрасудите и трендовите на неговото време, затоа што никогаш ниту гледа, ниту слуша нешто друго. Сопствените размислувања на една личност, без да бидат стимулирани од размислувањата и искуствата на други луѓе, во најдобар случај се ниски и монотони. Во еден век, се раѓаат само неколку просветлени луѓе со луциден ум, стил и добар вкус. Она што е зачувано од нивната работа е бесценето за човештвото. Ништо не е повеќе потребно од тоа за надминување на снобизмот на модернистите.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар