Зошто ѕвездите треперат?

Зошто ѕвездите треперат?

Излезете надвор на убава и ведра ноќ и погледнете нагоре. Доколку сте подалеку од светлата на градот, ќе бидете во можност да видите премногу ѕвезди. Секако, веднаш ќе забележите дека тие треперат. За разлика од нив, нашата ѕвезда, Сонцето воопшто не покажува знаци на треперење. Дали знаете зошто?Зошто ѕвездите треперат?Доколку би имале шанса да отпатувате во вселената ќе забележите нешто многу интересно, ѕвездите нема воопшто да треперат. Тие ќе бидат постојани светли точки кои се наоѓаат насекаде околу вас. Причината е многу едноставна, а тоа е влијанието на атмосферата над Земјата.Зошто ѕвездите треперат?Ѕвездите треперат поради турбуленцијата во атмосферата. Светлината од ѕвездите кои се многу далеку од нас, поминува низ неколку слоеви од атмосферата на Земјата и се прекршува. Кога гледате во ѕвезда што трепери, вие всушност гледате во збирот од прекршувања на нејзината светлина додека поминува низ атмосферата. Прекршувањето предизвикува менување на положбата и големината на ѕвездите многу пати во една секунда, па така човековото око го регистрира тоа како треперење.

Доколку се загледате конкретно во една ѕвезда подолго време, ќе забележите дека таа од време на време ќе исчезнува. Прекршувањето на нејзината светлина се одбива под различни агли и поради тоа понекогаш нема да биде во можност да стигне до вашето око.Зошто ѕвездите треперат?Ако пак подолго време го набљудувате целото ноќно небо, ќе почнете да забележувате дека неколку ѕвезди воопшто не треперат. Тоа се нашите планети-соседи. За разлика од ѕвездите кои се толку далеку што за нас претставуваат само точки светлина на небото, планетите се поблиску и доволно големи за да ни овозможат постабилна слика. Од истата причина не трепери ни Сонцето.Зошто ѕвездите треперат?Треперењето на ѕвездите е голем проблем за астрономите на кои им е потребен најчист можен поглед на небото. Поради тоа сите опсерватории се наоѓаат високо на планини каде што е малку поретка атмосферата. Во последниве неколку години тие испраќаат и телескопи надвор од Земјата, бидејќи на тој начин се добива најточен и најпрегледен поглед на ѕвездите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар