Зошто девојките кои не се опседнати со шминка се всушност многу поубави од оние кои се?
Ретки се жените кои се појавуваат без шминка пред саканиот, пријателите и останатите блиски, а уште поретки се оние кои го прават тоа во јавност. Толку сме опседнати со тоа да бидеме средени и наместени во секое време, што забораваме дека стандардите за убавина не треба да се однесуваат на онаа физичката.
Опкружени сме со стереотипите за тоа како би требало да изгледаме и која жена се смета за убава во денешно време, па на крајот на денот се наоѓаме себеси незадоволни со себе и во постојана потрага по туѓото одобрување. Наместо да се градиме како личности од внатре, ние додаваме слоеви шминка за да се маскираме во нешто што не сме.
Па машки, ако сѐ уште се прашувате зошто наместо девојката која е опишана погоре треба поцврсто да се држите за онаа чија главна преокупација не е физичката убавина, следниве причини сигурно ќе ве разубедат.
1. Се сака и почитува себеси поради личноста која е.
2. Удобно ѝ е во своја кожа.
3. Ги има прифатено своите маани и недостатоци.
4. Не ѝ се потребни комплименти за да знае колку вреди.
5. Полна е со самодоверба.
6. Ја сака дури и најнепривлечната верзија од себеси.
7. Огледалото и шминките не ѝ се најдобри пријатели.
8. Не се обидува да изгледа како сосема друга личност.
9. Не се плаши од мислењето кое другите го имаат за неа.
10. Единственото прифаќање кое ѝ е потребно е она кое самата си го дава себеси.
11. Не дозволува физичката убавина да ја дефинира.
12. Нејзиниот изглед соодветствува со нејзината возраст.
13. Совршено е ОК со фактот дека не секогаш изгледа најдобро.
14. За неа, луѓето се убави (или не) од внатре.
15. Прави луѓето да се чувствуваат удобно и убаво.
16. Не се плаши да го покаже своето вистинско лице.
17. Не чувствува потреба да се натпреварува со другите жени бидејќи се сака себеси таква каква што е.
18. Ќе ве сака поради тоа кои сте, а не поради тоа како изгледате.
19. Иако изгледа како едноставна девојка, таа е сѐ освен тоа.