Зошто да научите шпански?
Светот изобилува со прекрасни јазици, а шпанскиот е еден од најубавите. Мултилингвалноста е сон на многу луѓе, а најинтелигентните зборуваат по неколку јазици. Не само што шпанскиот лесно можете да го научите, туку имате и повеќе бенефиции од него. Ова се 10-те причини зошто треба да научите шпански.
1. Можете да посетувате тешко достапни локации во Шпанија и Мексико без да се грижите дали зборуваат англиски
Секако, ако ги посетувате најчестите туристички локации, совршено добро ќе се разберете и на англиски, но ако одите на места кои не се баш најпознати по туризмот, убаво е да знаете шпански јазик. Исто така би ви било од голема помош при некаков итен случај.
2. Отвора многу можности за патувања
Костарика, Порторико и многу други убави локации каде би можеле да отидете ако го познавате шпанскиот јазик. Иако англискиот им е доволно познат на мештаните, кога би зборувале на нивниот јазик би ви било многу позабавно, а и полесно.
Никогаш не знаете што би можело да се случи кога патувате. Подобро е да сте спремни на сѐ, па дури и за згодниот жител кој гледа накај вас. Би било штета да пропуштите таква прилика само затоа што не им го знаете јазикот. Шпанскиот јазик се учи релативно брзо: 3 месеци се сосема доволни за да ги научите основните работи.
3. Каде и да патувате, полесно ќе се снајдете
Познавањето на втор јазик секако дека ги олеснува работите. Можеби нема баш шпанскиот да ви биде потребен, но тој е сличен со францускиот и италијанскиот. Шпанскиот јазик е многу застапен и во јужните делови на Соединетите американски држави. Калифорнија и други држави имаат голем број жители кои го зборуваат шпанскиот. Исто така, голем дел од улиците во тие делови се на шпански, па не е баш најпријатно да не знаете да прочитате и да мрморите со погрешен изговор.
4. Полесно се учат другите јазици
Шпанскиот, италијанскиот и францускиот имаат една заедничка карактеристика, а тоа е припаѓањето на романска група јазици. Кога ќе го научите едниот, многу лесно можете да започнете со друг. Исто така, кога ќе погледнете некој збор на шпански, вие веќе знаете како се изговара. Голем број од шпанските зборови се слични со англискиот. Започнете со шпанскиот и којзнае колку други јазици ќе научите после него.
5. “Te amo“ едноставно звучи многу поромантично од „те сакам“
Нема ништо посекси од искажување љубов на странски јазик.
6. Скоро сѐ звучи поромантично на шпански
Bella (убава) и Аmor (љубов) се само дел од зборовите во шпанскиот јазик кои звучат едноставно прекрасно. Ако веќе сакате да восхитите некого, речете му „Mi Corazon“ (срце мое) или малку покомплексно: „Te quiero mucho“ (многу те сакам). Што и да речете на шпански секако звучи слатко и секси во исто време. Секоја фраза е убава, но сепак научете повеќе за полесен избор.
7. Шпанскиот јазик е забавен за учење
Искрено, кој јазик и да започнете да го учите е забавно, но убавата работа е што шпанскиот, за разлика од другите јазици има честа употреба во светот. Потсетете се на ерата на шпанските серии и вежбајте го шпанскиот. Никогаш не знаете каде вашите способности можат да бидат ценети, можеби во ресторан или на одмор.
8. Ќе научите да ја цените шпанската култура
Шпанската кујна, уметност и литература се навистина неверојатни. Научете шпански и сето тоа би можеле да го искусите. Посетете автентичен мексикански ресторан и ќе можете да го прочитате менито без да барате помош од келнерот, прочитајте шпанска книга, или дури весник. Не само што ќе ја запознаете нивната култура, туку и многу повеќе ќе ја цените.
9. Познавањето на шпански јазик може да ви помогне на професионален план
Во денешно време навистина е тешко да се има конкуренција во работата. Со самото познавање на уште еден јазик, вие си ги зголемувате шансите за вработување и плус имате уште едно нешто да додадете во вашето резиме што ве прави уште поценети како вработена личност.
10. Познавањето на шпанскиот јазик може да ви помогне и со англискиот
Овие два јазици имаат ист корен, а тоа е латинскиот. Не само што ќе си го проширите вокабуларот туку и ќе го сфатите начинот на кој функционираат зборовите во англискиот јазик.
spain <3