Зошто читањето и гледањето негативни вести е лошо за вашето здравје?

Зошто читањето и гледањето негативни вести е лошо за вашето здравје?

Количеството и видот на храната што ја внесувате не влијае само на вашата тежина, туку и на вашето целокупно здравје. Доколку се храните лошо, кога-тогаш вашето тело ќе се соочи со последиците. Преголемото или премалото консумирање одредени видови храна може да го зголеми ризикот од разни болести.

Зошто читањето и гледањето негативни вести е лошо за вашето здравје?

Интересно е што вашето тело го „дигестира“ и она што го слушате и што го гледате. Ова е вашата визуелна исхрана. Па, начинот на исхрана не ги вклучува само оброците што ги јадете, туку и „храната“ што ја консумирате за умот. Со други зборови, клучот за урамнотежена исхрана е добра храна и добри информации.

Кога „внесувате“ премногу негативни вести, за само неколку минути може да се појават анксиозност, стрес и симптоми на депресија. Истражувањата покажале дека само 14-минутно видео со негативни вести може значително да ги влоши анксиозноста и чувството на тага. Најважното нешто што се открило во истражувањето е тоа дека испитаниците чувствувале поголема анксиозност и во врска со нивните проблеми.

Анксиозноста и тагата кои се појавуваат додека гледате нешто негативно можат да влијаат и на другите делови од вашиот живот. Научниците изјавиле дека ефектите од изложеност на негативни вести можат да траат и со часови. Исто така негативните вести можат да направат и вашите проблеми да изгледаат поголеми.

Кога станува збор за позитивните вести, истражувањата покажале дека го имаат спротивниот ефект од негативните. Гледањето видео од само 4 минути со некој кој прави нешто добро ќе ги зголеми чувствата на благодарност и љубов.

Друга група истражувачи открила дека гледањето видео со некој кој покажува благодарност така што волонтира или дава нешто, ја зголемува желбата за волонтирање.

Се разбира, не мора целосно да ги игнорирате негативните вести. Сепак треба да знаете што се случува за да можете да му помогнете на светот. Само имајте ги на ум ефектите од она што го гледате. Не заборавајте дека ви е потребна и урамнотежена визуелна исхрана која ќе ја храни вашата душа и ќе ве мотивира да преземете нешто.

Погледнете и како да го заштитите вашиот мозок од загадување во негативен свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар