Зошто боенката би требало да стане вашата нова омилена активност?
Иако боенките и боењето најчесто ги поврзуваме со децата, овој вид активност може да биде доста делотворен и за возрасните луѓе. Затоа воопшто не е чудно што боенките за возрасни се сè поактуелен тренд помеѓу луѓето ширум светот, бидејќи тие ве прават попродуктивни, а со самото тоа имаат влијание и на сите аспекти од вашиот живот. Слободно можеме да кажеме дека станува збор за вид на изразување преку уметноста и јазикот на емоциите кој влијае на вашето здравје и создава позитивни чувства и позитивни асоцијации во вашата свест. Дознајте зошто во најскоро време би требало да купите една боенка за себе.
1. Ја истакнува вашата креативна страна
Кога имате проблем, честопати не треба слепо да се држите до шаблонот, туку малку да отстапите од истиот и да размислувате во спротивниот правец. Креативноста е само еден од начините да внесете новитети во својот живот. Со самото тоа, полесно ќе ги решавате проблемите кои ве мачат, а да не изгубите непотребно многу енергија. Можеби овој начин на активност ќе ве поттикне да внесете малку боја во својот живот и работен простор, односно поради тоа ќе се чувствувате посреќно и позадоволно.
2. Ве смирува
Боенката за возрасни не се нарекува тераписка книга без причина. Со нив потполната релаксација е гарантирана, особено опуштањето од секојдневниот стрес и модерната технологија. Доколку своето внимание го насочите кон некоја од боенките, тогаш многу повеќе време ќе посветите на себе и на своите мисли, што е од особена важност за нас самите. Боењето, освен тоа, делува на десната мозочна хемисфера со што се намалува нивото на стрес и анксиозност.
3. Ќе ве опушти без никакви последици
Наместо да испиете чаша вино или некој жесток пијалак за да ги смирите вашите нерви, ви препорачуваме да се одлучите за многу поевтина опција, а тоа е секако, боенката. Сè што ви е потребно е да ја пуштите вашата омилена музика, да си приготвите чај и да поминете некое време боејќи. Тоа е најдобар начин за да се подготвите за наредниот ден на работа.
4. Овозможува баланс на хормоните
Кога се опуштате, нивото на кортизол во вашето тело расте, а со самото тоа и вашиот мозок лачи повеќе бета мозочни бранови. Затоа е најдобро време да ја земете боенката во раце и да почнете да ја боите пред спиење. На тој начин целосно ќе се опуштите, ќе го исфрлите стресот од телото, ќе ги стабилизирате хормоните, ќе спиете поубаво и ќе се разбудите одморени и спремни за новиот ден.
5. Нè учи како да забавиме
Сите ние знаеме дека развојот на модерната технологија доведе до забрзување на нашиот живот, толку многу што не можеме да издржиме а да не проверуваме константно што има ново на Фејсбук или Инстаграм. Токму поради таа причина боењето боенка е одличен начин да забавите. Во оној момент кога ќе почнете да боите, вие се фокусирате на таа конкретна активност и полека, но сигурно вашето внимание станува насочено кон она што го правите. Ќе бидете доста пријатно изненадени кога ќе сфатите дека поминал скоро еден час, а вие не сте ни погледнале во своите новости на Фејсбук.
6. Забавно е и евтино
Замислете ја сцената во која, опкружени со пријателите, боите боенка? Можеби на прв поглед ви изгледа и звучи смешно, но воопшто не е, бидејќи после некое време ќе сфатите дека всушност разговарате со вашите пријатели. Иако боенките ви го окупираат вниманието, тие не го активираат вашиот мозок толку многу како социјалните мрежи, а притоа слушате и можете да обрнете внимание на она што другите ви го зборуваат. Освен тоа што ова е забавен начин за да се поврзете со вашите пријатели, боењето боенки е воедно и еден од најевтините начини за да го направите тоа, па нема причина зошто наскоро сите заедно да не го испробате овој вид активност.
7. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија
Боењето прави да се чувствувате добро. Затоа и не е чудно тоа што уште во детството токму тоа е еден од начините на кои психолозите се обидуваат да излечат некои трауми кај децата. Децата низ цртањето и боењето многу зборуваат за она што ги мачи, а вие со помош на боичките ќе можете да се ослободите од негативната енергија со која сте опкружени во последно време.