Зошто бодибилдерите и познатите личности одбираат растителна храна наместо месо?

Зошто бодибилдерите и познатите личности одбираат растителна храна наместо месо?

Од 2014-та година веганството забележало пораст од 600%, и тоа само во САД. Причините за ова варираат – некои се грижат за животните а некои сметаат дека ова е многу поздрав начин на исхрана. Поради овој пораст, забележана е зголемена побарувачка за млеко од растително потекло, а ова резултирало со голем пад на продажбата на кравјо млеко.

Зошто бодибилдерите и познатите личности одбираат растителна храна наместо месо?

Денес може да се каже дека веганската исхрана е глобален тренд. Во Велика Британија е забележан пораст од 350% на веганството во изминатите 10 години. Вегетаријанството забележало пораст од 400% во Португалија во минатата деценија, а 22% од луѓето во Хонг Конг одбираат растителни производи.

Дебатата што најчесто се води за овој начин на исхрана е врската помеѓу веганството и внесот на протеини. Сепак, постојат многу вегански алтернативи за протеини како киноа, зелен лиснат зеленчук, авокадо, семиња и јаткасти плодови. Покрај тоа, многу атлетичари и бодибилдери, личности кои имаат потреба од повеќе протеини, изјавуваат дека користат производи од растително потекло.

Веганецот и атлетичар Доминик Томсон неодамна се префрлил на веганска исхрана од етички причини.

„Помислата дека животните можат да се користат на хуман начин за производство на млечни производи не е вистина. Суровоста и мачењето се исто лоши колку и колењето.“

Бодибилдерот Патрик Бабумиан ги споделил здравствени придобивки што ги почувствувал од веганството.

„Станав потежок, станав посилен, победив на Европското првенство за кревање тегови, соборив 3 светски рекорди, значи сè оди совршено. Ми се намали крвниот притисок, а времето за закрепнување е пократко што значи дека можам да тренирам повеќе.“

Листата на познати вегани е многу долга и се зголемува секоја година. Денес овде спаѓаат Жоакин Феникс, Вуди Харлесон и Алисија Силверстон. Леонардо Дикаприо и Ричард Брансон вложуваат многу во веганскиот бизнис и добротворни организации.

Кон крајот на неговиот живот и Ајнштајн станал вегетаријанец и изјавил:

„Ништо не му годи на човечкото здравје и зголемување на шансите за преживување на животот на Земјата колку еволуцијата кон вегетаријанска исхрана.“

Иако многумина се сомневаат, се верува дека и Леонардо да Винчи бил вегетаријанец.

Вим Хоф е атлетичар кој е најпознат по неговата способност да издржи многу ниски температури. Во 2009-та година тој го освоил врвот на Килиманџаро само во кратки панталони и држи 26 светски рекорди. И Вим Хоф се одлучил за вегански начин на исхрана.

Погледнете и што ќе се случи со вашето тело доколку станете веган.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар