Зошто 6 јуни е магичен датум?
Денешниот датум, 6 јуни се содржи од броевите 6-6 и може да донесе голем просперитет и да ја отвори вратата за добри трансформации.
Серијата од броеви 6-6 е знак дека нè чека енергија на поддршка, оптимизам и креативност. Секој од нас ќе може да ги открие своите таленти и да ја искористи можноста да се докаже. Креативните решенија, пак, ќе можат да решат сериозни прашања и проблеми.
Низата на ангелските броеви 6-6 носи важна порака за љубов и исцелување. Владеењето на овој број ни дава движечка енергија и храброст да им се спротивставиме на искушенијата и да продолжиме да чекориме на патот кон победата.
Овој број е особено погоден за сите оние кои имаат семејни проблеми. Не грижете се, на овој ден имате шанса да воспоставите подобра енергетска врска со членовите на семејството и да ги избришете грешките од минатото.
Еве ги 3-те работи што ги носи 6-ти јуни и серијата 6-6:
1. Сочувство
Овој датум го нагласува сочувството во односите со семејството и саканите. Сè станува многу полесно и поедноставно, силата на љубовта е на ваша страна.
2. Хармонија
Бројот 66 е симбол на хармонија дома, на работа и во многу други области од вашиот живот.
3. Безусловна љубов
Ја ширите прекрасната енергија на љубовта околу себе и таа ви се враќа двојно.
Откако прочитавте за нумеролошкото значење на бројот 6, можеби ќе сакате да дознаете каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање.
Извор: sensa.mondo.rs